Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митевска селектирана за „Producers of the Move“ на Кан

0
By Нова ТВ on April 25, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 25, 2013 12:25

На претстојниот Кански филмски фестивал кој ќе се одржи од 15 до 26 мај во програмата „Producers of the Move“, која се одржува по 14. пат, меѓу селектираните учесници е и Лабина Митевска од Македонија.

Годинава во оваа програма, која ја организира Европската филмска промоција и со тоа нуди платформа за соработка помеѓу селектираните продуценти, влегоа 29 продуценти од 29 земји.

Нивните активности, односно предавања, работилници, средби, размена на искуство, но и презентација на нови проекти, како и можност за остварување копродукции, ќе се одвиваат во периодот од 18 до 21 мај.

Досега учесници на „Producers of the Move“ беа Дарко Попов, Владимир Анастасов и Роберт Насков. А она што е интересно за оваа година е што Европската филмска промоција по трет пат во рамките на оваа програма ќе соработува со паневропскиот копродукциски фонд „Евроимаж“.

Краткометражниот игран филм „Рози“ на режисерот Горан Белановиќ од Црна Гора, кој со ова дело минатата година дипломира на катедрата по филмска и телевизиска режија на Универзитетот ЕСРА во Скопје, успеа да влезе во селекцијата за програмата „Шорт корнер“, која се одржува во рамките на на Канскиот филмски фестивал. Тоа е програма која не е компетитивна, но нуди одлична можност за презентација.

Кан ги објави и имињата на членовите на жирито, за кое се знае дека ќе го предводи Стивен Спилберг. Меѓу членовите се актерите Никол Кидман и Кристоф Волц , јапонската режисерка Наоми Кавасе, како и британската независна режисерка Лин Ремзи.

Меѓу останатите членови се и режисерот Анг Ли од Тајван, на чиј последен филм „Животот на Пи“, францускиот актер Даниел Аутел, индиската актерка Видија Балан и романскиот режисер Кристијан Мунгиу, кој освои „Златна палма“ за филмот „4 месеци, 3 недели, 2 дена“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.