Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митрополитот Петар го повредил член 9 од Уставот

0
By Нова ТВ on May 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ најостро ја осудуваат изјавата на Митрополитот Петар, преку која повторно, во многу краток временски период, се повреди рамноправноста на жената и правото на избор да биде мајка и сопруга.

Веќе подолг временски период жената во Македонија се претставува единствено во улога на мајка и сопруга, што претставува повреда на рамноправноста и директна дискриминација врз жената по основ на пол и род.

Г. Петар: Жените можат да ја уништат македонската нација

Сакаме да потенцираме дека ваквите повикувања за враќање на жената кон традиционално поставениот систем на вредности и нејзина општествена ексклузија, не претставуваат ништо друго освен деградација на вредноста на жената и потценување на нејзиниот придонес за општествениот напредок.

Имено, Митрополитот Петар како причина за зголемениот број разводи во 2012 година ги посочи жените, наведувајќи дека не сакале да прифатат дека главата во куќата е мажот и жените треба да бидат подвластени на мажот. Истиот изјави дека жените или ќе ја спасат или ќе ја уништат македонската нација и црквата зошто она што ќе се зачне во утробите на мајките треба да се роди ако сакаме да опстоиме како нација, народ, држава и како црква.

Со ваквата изјава се врши директна повреда на член 9 од Уставот на Република Македонија во кој е утврдено дека граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, член 25 со кој се гарантира почитување и заштита на приватноста на личниот и семејниот живот на секој граѓанин, на неговото достоинство и угледот, член 41 во кој е утврдено правото на човекот слободно да одлучува за создавање на деца, потоа на одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација, одредбите од Законот за еднакви можности на мажите и жените.

Со делот од изјавата, преку кој жената е претставена како единствен спасител на нацијата, народот, државата и црквата, се повредува и секуларноста на државата од црквата, односно се повредува и Амандманот VII на член 19 од Уставот на Република Македонија, во кој е утврдено дека црквите, верските заедници и други религиозни групи се одвоени од државата.

Сведоци сме на активна популациона политика и кампања, спроведена од страна на државата, која добива отворена поддршка и од највисоките претставници на Македонската православна црква, со што целосно се повредува принципот на одвоеност на црквата од државата и државните политики и води кон наметнување на поврзаност меѓу традицијата, семејството и Бог. Жената постојано се поставува како објект преку кој ќе се остварат владините мерки за зголемување на наталитетот, без притоа да се почитува нејзината рамноправност во општетството и правото слободно да одлучува за создавање на деца.

Ваквите мизогинични изјави се спротивни на сите меѓународни механизми преку кои се гарантира рамноправноста на жената, нејзиното право на избор и репродуктивните права, посебно на одредбите од Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жената, чиј потписник е и Република Македонија. Имено, во член 5 од Конвенцијата е предвидено дека државите ги преземаат сите погодни мерки заради измена на општествените и културните обичаи во поглед на однесувањето на мажите и жените, за да се отстранат предрасудите, како и вообичаената и секоја друга практика, заснована врз сфаќањето за инфериорноста или супериорноста на едниот или другиот пол или традиционалната улога на мажите, односно жените.

Поради повреда на основниот принцип на рамноправност на жената и правото на избор и слободно планирање на семејството, бараме Комисијата за заштита од дискриминација и правниот застапник при нееднаков третман на жените и мажите, како дел од Министерството за труд и социјална политика, да поведат постапка за утврдување на дискриминација врз основа на пол и род, сторена од страна на Митрополитот Петар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

ВЕСТИ October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа наводно го отфрлил мировниот план на американскиот…

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

October 2, 2025

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.