Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски го „опипува пулсот“ во Берлин: „Реалниот свет функционира на правила, стандарди и договори, а не писма и создавање на лажна перцепција“

0
By Marija Todorovska on October 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека се чека писмото да биде испратено, дел од јавноста смета дека реалниот свет функционира на правила, стандарди, договори, обврски и почитување на истите, а не на писма и создавање на лажна перцепција на реалноста за сопствените граѓани. 

Никола Поповски

Владината делегација веќе е на самит на Берлинскиот процес, на кој учествуваат претставници на земјите на Западен Балкан и Европската унија. Ова е нова шанса за Македонија да се слушнат мислењата на меѓународната заедница пред премиерот Христијан Мицоски да го испрати писмото до европските институции, со кое се бара начин за откочување на европската интеграција. Очигледно е дека Мицкоски и владина делегација во Берлин ќе опипуваат пулс дали може да се најде разбирање за одложена примена на уставните измени. Премиерот е подготвен да седне на маса со бугарскиот претседател Радев, но, не ја потврди информацијата дека тоа ќе се случи на 7-ми ноември во Будимпешта на иницијатива на унгарскиот премиер Орбан.

Што може да донесе писмото на Мицкоски?

Додека се чека писмото да биде испратено, дел од јавноста смета дека реалниот свет функционира на правила, стандарди, договори, обврски и почитување на истите, а не на писма и создавање на лажна перцепција на реалноста за сопствените граѓани. Според поранешната пратеничка во Собранието и политички аналитичар, Никица Корубин, „евроинтегративниот процес го блокираме самите, на наша штета“.

Никица Корубин

-И така ќе биде се додека, бираме да говориме и да се занимаваме со имагинарни, а не со реални нешта. Одговорноста е на сите што ја имаат политичката моќ и моќта да влијаат на јавното мислење, посочува соговорничката во разговор за „Локално“.

Истакнува дека Берлинскиот процес е економска иницијатива, за приближување и подготовка на преостанатите 6 земји од т.н Западен Балкан за нивното членство во ЕУ. Исто како што економска иницијатива е и Планот за раст на ЕУ, во кој Северна Македонија ќе добие околу 800 милиони евра, во форма на неповратна финансиска помош и заеми, доколку доследно ги спроведува реформите и стратешките проекти.

-Еден од тие стратешки проекти е и Коридорот 8, кој покрај постоечкиот Коридор 10, овозможува стратешко поврзување на Северна Македонија, по сите линии, егзистенцијално битни и за нас, но и за одбраната на НАТО земјите: кој земјата ја прави транспортно, а потоа и енергетски, економски, трговско независна и клучна и за регионот. Зарем ова не е дефиниција на врвен национален приоритет, и идентитетски опстанок (свои на своето)? Во таа насока, можеме да ја толкуваме и вчерашната изјава од Берлинскиот процес и на претседателката Фон дер Лајен и на канцеларот Шолц, дека е неприфатливо меѓусоседско блокирање на стратешки економски проекти, додава Корубин.

Екс-пратеничката е децидна дека ова е реалноста.

-Дали Македонија ќе се поврзе со регионот, Европа и светот или дали ќе остане транспортно, економски, финансиски, култоролошки, цивилизациски изолирана? А, за да не остане изолирана и да биде дел од ЕУ, не помага имагинацијата и манипулацијата, туку реалноста, објаснува соговорничката.

На прашањето каква надворешна политика може да ги убеди ЕУ членките да нѐ поддржат за промена на францускиот предлог и дали „времето“ е наша страна, Корубин посочува дека за почеток надворешната политика и политиката воопшто треба да биде реална, а не имагинарна, затоа што во реалноста не постои “француски предлог” туку преговарачка рамка, а уште помалку постои опција за “убедување на ЕУ членките” во промена на нивната сопствена усогласена одлука, во однос на условите во преговарачката рамка за Северна Македонија, туку постои опција да ги почитуваме обврските или да не ги почитуваме.

-Оттаму “времето” е фактор, само како дилема за што им треба времето што безмилосно го трошат партнерите во власта, со одбивањето да се исполни условот во преговарачката рамка, за почеток на преговорите со ЕУ и ефективната и вистинска реформа на системот, а не онаа декларативната.

Имагинарната паралелна реалност, која се наметнува како наратив, со дискусија за непостоечки теми, медиумски поддржана, по примерот на авторитарните режими од соседството – “едно за домашна јавност, друго за меѓународна јавност и политика”; нема да ја смени реалноста како таква, туку ќе ја усложни уште повеќе реалноста на нашите секојдневни животи. Изборот е наш, сакаме да ги прифаќаме манипулациите и да дискутираме за нив, или сакаме да зборуваме за вистинските, реални теми, прашува Корубин.

Од друга страна, аналитичарот и новинар Зоран Иванов се осврнува на мислата на канцеларот Шолц кој рече дека земјите од Западен Балкан треба да соработуваат за заедно да влезат во ЕУ. Иванов забележува дека тој во рамките на „Берлинскиот процес“ практично упати порака до кандидатите дека треба заедно да запнат во реформите и дека или во одреден период ќе ги примат сите држави во ЕУ или да не сметаат дека во тоа друштво може да се влегува вагон по вагон.

Зоран Иванов

-Преведено тоа би значело дека покрај индивидуалните реформи РУ нема да толерира недоразбирања од типот на актуелните релации на Белград и Приштина или внатрешните недоразбирања во БиХ. Од друга страна, што се однесува за нас, на нашите релации со ЕУ преку Софија и т.н. писмо на Мицкоски до ЕУ, мислам дека премиерот веќе разбра дека членките на ЕУ немаат абер нешто да менуваат во однос на договореното и обврските од францускиот предлог и, оттука, што тој и да напише во писмото, доколку го напише и доколку и го испрати, ќе биде тоа онаа празна реторика која не допира до ЕУ членките како оние „калимера“ од типот Шенген и слични дребулии за права, ЕУ принципи, еднаквост и сл, вели Иванов за „Локално“.

Според новинарот, конечно би требало да сфатиме дека „ЕУ не се ООН, туку дека е тоа еден затворен, еден себичен клуб на интереси во кој ако сакаме да бидеме во тоа друштво треба да достигнеме некои нивни барем минимум стандарди во сите сфери од првото преку економијата до нивни некои демократски или недемократски прваила, сеедно“.

-Тоа е, ЕУ вика „ако ви чини“. Се` на се` , писмото ако биде ќе биде „трла баба лан да јој ….“, заклучува Иванов.

Додека се чека писмото да биде испратено, опозицијата бара уставни измени. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со бугарскиот амбасадор Радуков побарал тоа да се случи час поскоро.

-Бугарската заедница во Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот, а од ова никој ништо не губи, напротив, сите добиваат. Приоритет на ДУИ е токму продолжување на европскиот пат, затоа уставните измени мора веднаш да се случат бидејќи граѓаните очекуваат да станеме дел од Европската Унија, велат од ДУИ.

Додека се бара деблокирање на интегративниот пат, Скопје и Тирана веќе денес се раздвоени откако ЕУ донесе одлука за отворање на преговорите по кластери со Албанија. Дел од аналитичарите очекуваат, најавените посети на европските и американски дипломати на земјава да помогнат во надминување на блокадата.

Првиот тест е веќе оваа недела, кога се одржува самит по повод десетгодишнината од Берлинскиот процес.

Текстот е сопственост на Локално

Берлин ЕУ Западен Балкан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.