Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски и неговата микро-желудочна фонија

0
By Marija Todorovska on April 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 12, 2024 12:08

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ / ФРОНТЛАЈН

Има еден термин кој пред неколку денови го сретнав додека во редовна атмосфера исчитувам автори кои за мене „живот значат“. Терминот во нашиот случај ќе го наречеме „микро-желудочна фонија“. Го знаете сите Аца Лукас, така? Сите знаете како гестикулира А.Л. додека дрнда на оние негови синтисајзери. Финесите може да ви ги објаснат инженери по електроника.

На пример: имате појачало, и како што самото име ни кажува, идејата на оваа направа е да го појачува звукот во кој „влегуваaт“ магнетите од гитарата и микрофоните, добиениот звук од појачалата повторно „влегуваaт“ во магнетите и микрофоните, па сè тоа, само многу погласно се враќа во појачалата и така се врти во круг додека не заврши во лудачки пискот од кој страдаат ушите.

На сличен принцип работи Мицкоски и неговата пропагандна (скала) мерија, пу, пу, за малку не реков „пропаганден Берија“, со една ограда, тие не се ниту први ниту последни во таа работа, далеку од тоа. Производството на македонската политичка „микро-желудочна-микрофонија“ е еден од најстарите македонски занаети, да не речам уште само што не влегол во нашата добро позната „светска традиција“.

Традиционално, а посебно пред избори, сите се склони на секојдневни „изливи“ на емоции, секојдневни патоси, секојдневни завети и колнења, секојдневни љубења на татковината и останати племенски пакости/ујдурми/безобразлуци. Ние, за малку не реков „ние македонците едноставно не се чувствуваме добро во таканаречените редовни и нормални ситуации“, најверојатно сè тоа им е премногу прозаично или што е во прашање, искрено не знам.

Популистичките поглавици, а посебно популистичката десница, знае таквите хистерични дрндања добро да ги уновчи/запари/опари – посебно кога се работи за македонската „загрозеност“ од соседите „грабливци“. Од таквите глупости произлегува перманентна вонредна состојба од која ми се појавуваат „слатки“ трнци на дланките, ако ми верувате на збор.

Зошто е тоа така, најверојатно за тоа ќе мора да ни кажат психолозите или етнолозите. Ама или не стискаат јајца за да ни кажат, или не можат да дојдат до збор, или едноставно ги заболе Црвениот бан, за малку не реков „ги заболе црвениот банчиќ“.

Еве да ви илустрирам со еден пример. Оливер Андонов, главниот опозиционен критичар на Мицкоски, или барем еден од „главните“, пред некоја ден рече нешто од прилика вака: „на Петар Богојевски од ‘Македонски концепт’, Мицковци му нуделе околу 100.000 евра само за да коалицира со нив“. Часна пионерска, така рече Андонов, а мене тој човек не ми изгледа несериозно кого зборува. Од друга страна, „ах, кад се само сетим“, што би рекол Радован Трети, Петре од „Македонски концепт“ едно време не можев да го набркам од мојот Фејсбук-чат. Те Мицкоски ваков, те Мицкоски таков; те катастрофална била ВМРО-ДПМНЕ, те немале појма од ништо, те биле со Русија, та дрн, та sврц. Петре секоја ден ме убиваше со пораки и коментари. Не дека не се согласував со него во тоа време, само малку досадно, брате. После разговор со Петре, редовно добивав или дијареjа или опстипација. Тој човек кога ќе фати, не пушта, па да се дрецнеш од земја.

По извесен период, каков што ме дал самиот Бог, си велам, а бе, море, црни Ненаде, а бе овој да не ти си пушта (?), ама изгледа малку е несмасен во удварањето (?), си велев на себе. Дури едно време сакав Петрета да го канам на кафе, што знам, си велам, љубовта има многу лица, па ајде да ги расчистиме тие „Петрови апории на душата“. Ама на крајот знаев дека тоа се ќорави работи, па се откажав од таквиот наум. Потоа, гледам, не можејќи да ме чека мене, отиде во прегратките на Мицкоски, заедно со целиот негов „Македонски коцепт“ од ја, тате, мама и бате.

Во пропагандата на Мицкоски, драги мои, верувам дека приметувате: покрај што по силина ги надмина сите популисти и урлачи во земјава – има во себе и огромна количина на прагматична нарцисоидност, ама ви тврдам дека во таа нарцисоидност има голема пресметаност. Веројатно поучен од крахот на Груевски со неговите пароли од типот „добро утро чаршијо на сите четири страни“, очигледно им се обраќа на една или евентуално две чаршии кои – барем додека капе во опозиција – и тие две чаршии слабо му веруваат.

Таквите чаршии, за малку не реков „популации“, подложни се на мистификации, теории на заговори и – воопшто – хаотични ситуации кои, благодарение на присобраните партиски ботови, секојдневно им сервира одвратна храна за сркање. А ако, пак, се случи чудо, па на два-три дена земјава се смири и „нормализира“, ќе се измисли некоја нова свињарија (за малку не реков „пиздарија“!) – Мицкоски едноставно не оди на работа и го нема никаде во јавност.

Сега некој ќе праша: а каде ја гледаш сличноста помеѓу микро-желудочната-фонија и Мицкоски? Мицкоски преку микрофон го изразува незадоволството, омразата, а преку појачалата влегуваат во ушите на фамозните „аналитичари“ и фамозните „анкетари“, како што влегуваат и на ширачите на магла и останати „излапено-изветреани суштини“ кои, пораките на „лидерото“ стоструко ги појачуваат, па сиот засилен звук се враќа во Мицкоски кој ја „забиберува“ и „комплицира“ приказната/нарацијата/реториката, и така во круг. Секоја ден. Од утро до мрак.

Општ вресок и отупување на ушите.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Мицкоски Ненад Јовановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.