Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно, ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната

0
By Marija Todorovska on March 16, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе се разгледат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до оваа трагедија без скрупули кон никого. Ќе се испитаат аспектите на контрола и се она која јавноста оправдано го детектира, како проблем и предизвик на општеството. Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите.

Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес – конференцијата во Владата на РСМ.

Тој искажа голема благодрност до докторите и целиот медицински персонал во земјава, кои несебично се вклучија во укажување на помош на настраданите, како и благодарност за сите наши пријатели и соседни држави кои се ставија на располагање.

 Да повикаме на заедништво и сплотеност и да се насочите кон фактите и се она кое е важно за почеток на едно големо ресетирање на системот. Систем кој не вовлекува сите и сака да не проголта. Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно, нешто цврсто и принципиелно, кое ќе може да го совлада овој систем кој ја проголтува нашата држава и е главна пречка, закана и опасност за тоа дали оваа земја ќе преживее или не. Или ќе не биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овој пат нема да има повлекување, нагласи премиерот.

Мицкоски истакна дека ги слушнал пораките од опозицијата и посочи дека не сака да се политизира овој настан во смисла на тоа дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност.

 Ова не е меѓупартиска битка помеѓу ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, туку ова е битка на чесните против нечесните и корумпирани од сите партии и од сите институции. Ова го зборувам за сите чесни луѓе во Македонија и во ВМРО – ДПМНЕ и во СДСМ, и во Вреди и во ДУИ и во сите други партии кои искрено сакаат државата да има ред и поредок. Без разлика на идеолошките разлики мора да се стави крај на корупцијата и да се срозат корумпирани и раскалшени луѓе кои ги злоупотребуваат институциите, исто како што тие го гзрозија и прегаизја ова што денеска го гледавме, а тоа се нашите души. Ова е борба против чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата и зема сосема жртви, ги зема најмилите, рече меѓу другото премиерот Мицкоски.

Корупција Мицкоски прес конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.