Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Мали се шансите за коалиција со албанска партија пред изборите

0
By Нова ТВ on February 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека досегашните партнери во коалицијата за „Обнова на Македонија“ сигурно остануваат дел од неа и за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. Но, истовремено, нагласи дека се водат преговори и со други политички субјекти кои се заинтересирани да се приклучат во блокот, иако рече дека „се мали шансите“ за предизборна коалиција со некоја од албанските партии, по примерот на денеска официјализираниот договор за соработка меѓу СДСМ и БЕСА.

Не открива повеќе детали за тоа што преговараат и договараат со политичките партии и најави дека кога ќе има официјална коалиција ќе има заеднички договор и тој ќе биде презентиран пред јавноста.

„Во текот на наредната недела ќе излеземе со повеќе детали. Политичките партии кои беа дел од коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат, но исто така има и политички субјекти кои преговараат со нас. Нашите позиции се јасни, принципиелни и од тие позиции отстапување нема. Слушнавме ставови и барања на различни политички субјекти кои преговараат со нас, ние ги презентиравме нашите позиции“, изјави Мицкоски пред почетокот на панелот за очекувањата и предизвиците за бизнисот, во организација на Делегацијата на германското стопанство во нашата земја.

Прашан дали ќе има некоја од албанските партии во нивната коалиција, Мицкоски одговори дека во моментот за тоа се мали шансите, а во коментар на денеска официјализраната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА одговори „Со среќа нека им е“.

„Мали се шансите во моментот да има такво нешто предизборно, а постизборно рековме да почекаме да се случи најголемата победа во независна Македонија. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија“ со народот, а потоа доколку на политичка и проектна основа имаме какво било коалицирање со кој било политички субјект тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција“, рече Мицкоски.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со протестите, Мицкоски рече од СДСМ се исплашени и оти како изговор го користат корона-вирусот.

„Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат корона-вирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал“, рече Мицкоски.

На новинарско прашање истакна и дека се подготвува за утрешниот дуел со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Му посветувам должно внимание и сериозно му приоѓам“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ Предизборна коалиција Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.