Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски од Битола од партиската прослава на Денот на независноста: ВМРО-ДПМНЕ не учествува во паради кои ги прави власта

0
By Mirjana on September 8, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска сме тука затоа што сакаме да направиме паралела со сето она кое што се случува во ова наше тешко реално секојдневие политичко, а истата таа паралела не сакаме да биде со онаа паралелна прослава на Владата, затоа што ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта, и кога на власта и е поедноставно, поудобно, да ги гази дебелите килими во Собранието, да парадира низ Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ му е чест и поудобно да биде овде во Битола заедно со народот, додаде меѓу другото Мицкоски од прославата што партијата ја организира на градскиот плоштад во Битола.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чија партија организира прослава на Денот на независноста во Битола, од плоштадот Магнолија го честита празникот и побара прошка за се што не е направено и се заблагодари за се што ни било дадено.

-Денес на овој 8 септември, одовде од Магнолија, преку Широк Сокак, до Пелистер и подалеку имам една порака: Честита независност Македонијо Честита независност Македонија, Да си ни жива и здрава. И вековита. Ти благодарам за што ни даде, и прости за се што не направивме, а можеше да се направи.Нашата земја е нашиот храм во која веруваме.. Затоа што Македонија е п овеќе од само држава, тaa e емоција, нашите успеси, нашето страдaње… Но и нашите судбини. Знам и поорганизирани и поразвиени држави од нашата, но само Македонија е во нашите срца, незаменлива болка и среќа. Постојана борба. Не сме дрво без корен, и работата е што корењата се премногу длабоки, а сеќавањата не напуштаат лесно. И не дека и во минатото не се правеле грешки во историјата, но секогаш имало мудрост да се прескокнуваат препреките. Нашето дрво беше засадено со крвта и страдањата на многу генерации кои веруваа во слободата, но овие 30 години истото сериозно е навалено и натежнато. Затоа можам со горко чувство и со тага во мене да соопштам дека овие 30 години ги разочаравме основачите на независноста на државата, изјави во своето обраќање Мицкоски.

Тој се осврна на блокадата за ЕУ, а според него тоа било потврда дека сме немале цели кон кои сме се стремеле и се движиме.

-Потребно е да се има мудрост, како што беа мудри и Глигоров и Кљусев, како што мудро се водеше политиката од експертската влада која ја застана на нозе земјата. И низ бури и низ премрежја не дозволија темелите да бидат разнишани. Апатијата, затворениот круг ја одзема енергијата кај народот и го прави индиферентен кон случувањата, кон оние кои владееја до транзицијата, но и оние кои им се продолжена рака, нивни најдобри синови и ќерки. И одбивам да влегувам во кампања на меѓусебни обвинувања, клеветења, расипани игри од кој полза имаат само оние кои ги ползуваат придобивките од власта, на еден нечесен и лукративен начин. Сакам само да појаснам дека оваа нова генерација на луѓе кои се занимаваат со политика со мачнина гледа на обидите сите да не вовлечат во нивната игра на меѓусебни обвинувања. Тоа не е наша цел, подвлече во обраќањето Мицкоски.

Тој пред Битолчани објасни зошто се одлучиле да прослават независност на државата во Битола, покрај тоа, што како што рече, дека Битола била негов приоритет.

-Денеска сме тука затоа што сакаме да направиме паралела со сето она кое што се случува во ова наше тешко реално секојдневие политичко, а истата таа паралела не сакаме да биде со онаа паралелна прослава на Владата, затоа што ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта, и кога на власта и е поедноставно, поудобно, да ги гази дебелите килими во Собранието, да парадира низ Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ му е чест и поудобно да биде овде во Битола заедно со народот, додаде меѓу другото Мицкоски од прославата што партијата ја организира на градскиот плоштад во Битола.

 

8 септември Битола Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.