Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ во текот на вчерашната вечер беше на скопски Виноскоп кој се одржува на плоштадот „Македонија“.
„Денес од теренски активности и увид во изградба на проекти во Охрид, преку традиционалната литија во Струга, вечерва на добро македонско вино во нашето Скопје и скопскиот Виноскоп“, објави Мицкоски на Фејсбук.