Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува против законот за ЈО и против амнестија

0
By Нова ТВ on February 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека партијата останува на ставот против законот за јавно обвинителство и обвини дека власта со сила наметнува законски решенија кои се спротивни на Уставот, на европските вредности и на интересите на македонските граѓани. ВМРО-ДПМНЕ, притоа додаде тој, е против амнестија.

Тој оцени дека предложениот закон за ЈО на Владата не ги содржи забелешките на експертите и повторно побара формирање на експертски тим за подготовка на текстот на законот кој би се изгласал од новиот парламентарен состав, бидејќи, како што рече, целта е да се донесе квалитетен закон.

Според него, предлог законот за ЈО е спротивен на Уставот, е монархистички бидејќи, како што рече, се менува членот за изборот на државни јавни обвинители, односно за ОЈО за организиран криминал, со Законот се овозможува амнестија за Заеви, за членови на неговата влада, како и амнестија за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, односно оние кои, вели, се во негово заложништво.

„Заев со законот за јавно обвинителство, со кој се сака да не важат прислушуваните разговори, спроведува операција за амнестија, и тоа амнестија лично за Зоран Заев и членови на неговото семејство, амнестија за раководството на неговата партија и функционери од коалиционата влада за кои постојат сомнежи дека се силно инкриминирани во нелегални активности и, конечно, амнестија за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, поточно за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси“, рече Мицкоски.

Со новиот закон, според него, се устоличуваат Рускоска и Јовески кои му требаат на Заев да продолжат да ги споведуваат неговите наредби.

„На секој правник му е јасно дека станува збор за противуставен закон со кој се спроведува селективна правда“, рече Мицкоски укажувајќи и на незаконитоста околу барањето за начинот на избор на државен јавен обвинител.

Еклатантен пример дека Владата го крши Уставот, според него, ќе биде доколку е вистина она што денеска го кажал пратеникот Артан Груби дека се бара „Бадентер“ за избор на државен јавен обвинител.

„Согласно Уставот, амандманот 30 јасно кажува како се избира државен јавен обвинител и како се реизбира. Тука не е предвиден Бадинтер“, рече Мицкоски.

И за нив главен проблем е, истакна Мицкоски, членот 110 со кој се предвидува амнестија и дека тие се против амнестија. ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, се залага за апсолутна правда, а Уставот мора да важи за сите подеднакво.

„Меѓу другите забелешки кои што ги имаме многу, за нас е главниот проблем, исто така, и членот 110 од предложениот закон. Со него се предвидува разговорите да не важат за докази, со што јасно се сака амнестија на Заев, амнестија за „Рекет 1“, за „Рекет 2“, за „Леонардо“, итн. Сите оние други коруптивни афери кои што беа присутни во изминатиот период, но и за кои што постои основано сомневање дека ќе се појават во периодот кој што следи во јавноста“, рече Мицкоски.

Согласно праксата на ЕСЧП, додаде тој, секогаш кога станува збор за разговори кои што се од јавен интерес, истите треба да бидат докази во постапка.

„Заев со овој закон покажува страв дека се плаши од разговори кои ќе го докажат неговиот криминал, и сега сака тоа да не биде користено за доказ при судска постапка“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повика останатите партии да имаат заеднички став да не го гласаат овој закон и се што е јавен интерес да биде дел од законската постапка.

„Бомбите да важат за сите или да не важат. Ваквиот закон нема врска со европските вредности туку со Зоран Заев и неговото бегство од правда. Согласно праксата на ЕСЧП не може бомбите за едни да важат а за други да не важат“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција ги негираше тврдењата на одредени медиуми дека со законот би се опфатиле и „Талир“ посочувајќи дека овој предмет е заснован на искази, а не на прислушкувани разговори.

ВМРО-ДПМНЕ Закон за ЈО Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.