Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Во дилема сум дали има партии на Албанците во опозиција

0
By Соња Крамарска on July 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната прес-конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите и со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот, дали задолжителна, консултативна. Кога би се одржал, кој би го поднел, дали пратениците дали тоа ќе бидат граѓани, дали ќе биде претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот на преговарачката рамка кој се повикува на билатералниот договор со Бугарија, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата пред одржување на Годишно собрание на партијата Демократски сили на Ромите (ДСР).

Мицкоски демантира дека се соочуваат со внатрепартиски проблеми и оцени дека само референдумот може да покаже чии ставови се искрени.

„ВМРО-ДПМНЕ е обединето, цврсто како никогаш досега, очекуваме историски голема победа на изборите, СДСМ очекува историски рекорден пораз“, изјави тој.

За Мицкоски е загрижувачки тоа што одредени партии во опозицијата не се критички настроени кон власта, што, според него, остава сомнеж за тоа дали навистина треба да се идентификуваат како опозициски.

„Има една чудна состојба, а тоа е противници на ваквото референдумско изјаснување на граѓаните е власта и оние инсталации на власта во опозицијата. Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие инсталации на власта во опозицијата и самата власт“, рече Мицкоски.

Запрашан дали при тоа мисли на опозициските партии на Албанците, Мицкоски истакна дека досега не го чул нивниот став по однос на идејата за референдум.

„Јас не сум слушнал став на партиите на Албанците во опозиција, но после тоа што го поддржаа оној лист хартија во Парламентот, имам дилема дали воопшто се во опозиција. Имам дилема каде припаѓаат тие, затоа што за да се идентификуваат како опозиција треба да се критички настроени кон постапките на власта“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, огромно мнозинство на граѓани без разлика на етничката припадност „се согласни да има референдум“.

„Огромно мнозинство граѓани се за референдумско изјаснување, бидејќи ова е од суштинско значајно за граѓаните. И повторно ќе кажам, македонската јавност да биде мирна, да бидат спокојни, бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со неколкумина останати пратеници во Парламентот се чувари на идентитетот“, рече Мицкоски. (Р.Н.)

референдум Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.