Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Немаат план за енергетска стабилност, паметот им е во лоповлук

0
By Ана Василевска on October 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 9, 2021 14:58

Власта нема план за енергетска стабилност, паметот им е во лоповлук и не знаат како да се справат со енергетската криза која не очекува. Наместо да направат план за ископ на јаглен, тие увезуваат, наместо да направат набавка на гас тие прават егзибиции, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање во врска со инфлацијата и енергетската криза.

Мицкоски посочи дека инфлација веќе има затоа што, ако ги погледнете цените во малопродажба ќе видите дека цената на зејтинот е зголемена, и цената на млекото, брашното, бензините поскапуваат, а можно е зголемување и корекција на цената на електричната енергија за граѓаните.

– Стопанството тоа веќе го чувствува, сите компании кои се на слободен пазар за кои што онака храбро владата велеше дека направила реформи во либерализацијата на пазарот, веќе сега компании имаат сериозен проблем со обезбедување на финансиски средства за набавка на електричната енергија, бидејќи цената на електричната енергија е алармантна, 4 до 5 пати е поголема, од таа што беше пред 2 месеци за нешто што предупредував, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека владата прави егзибиции, ЕЛЕМ која даваше К15 пред избори сега нема пари за ископ на јаглен, а владата увезува јаглен од Косово и тоа е одраз на недомаќинско и криминално работење во компанијата.

– Наместо веднаш да се обезбеди гас за сите производни капацитети Те – То Когел наместо веднаш да се направи сериозен план за ископ на јагне во РЕК Битола наместо да се увезува, наместо да се планира термоелектраната во Неготино да се стави во погон, тие прават некои егзибиции 400 до 500 товарни возила треба дневно секој ден да возат јаглен од Косово, не водат сметка ни за патиштата, и оној никаков пат од Прилеп до Росоман кој го прекинаа ќе го доуништат, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека без план се работи, се краде на секој чекор ова се последните потези на хибридниот режим кој е во заминување, иако за енергетската криза алармираше и Урсула фон дер Лајен, претседателката на ЕК

– На 17 октомври народот гласно ќе зборува, а потоа ќе има ново парламентарно мнозинство и влада на ВМРО-ДПМНЕ која што знае како да ги реши проблемите, вклучително и енергетската криза, рече Мицкоски.

локалн избори 2021 Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.