Крајниот рок за завршување на пристапниот процес на Западен Балкан во Европската Унија да биде 2033 година, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Брисел.

„Грција, како најголема економија во регионот и како земја која има корист од приклучувањето кон европското семејство, е на страната на Западен Балкан“, изјави тој пред новинарите.

„Знаеме дека процесот е тежок за овие земји. Мое мислење, сепак, е дека многу е важно да се предложи конкретен рок за да може да се заврши тој процес. Мојот предлог до Европскиот совет е тоа да биде до 2033 година или 30 години по Самитот во Солун, за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес тие навистина можат да се радуваат да станат членки на ЕУ“, рече Мицотакис.