Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мизо: Следи тешка година за автомобилската индустрија, компании најавија затворање на производството

0
By Biljana on March 2, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова методологија на ТИРЗ за поттикнување на инвестиции.

Кризата во Украина веќе се чувствува во автомобилската индустрија, а најпознатите автомобилски брендови веќе најавија затворање на своите капацитети на најмалку две недели, рече претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо. Тој вели оти последиците ќе се почувствуваат и во други сектори.

„Но, мора да земете во предвид кои се другите индиректни влијанија, цената на енергенсите се зголемува, инфлацијата сакале или не, ќе трае подолго отколку што беше планирано и целата онаа неизвесност околу сентиментот за купување на возила во Западна Европа ќе е ист“, рече Мизо по денешната панел дискусија на тема „Иницијатива за изработка на нова методологија за државна поддршка за поттикнување на инвестиции” како дел од активностите за унапредување на деловната клима со цел проширување на услугите и можностите за инвестирање.

Мизо открива дека кризата во Украина веќе ја погоди автомобилската индустрија, а мултинационални брендови како Ауди, Бе-Ем-Ве, Фолксваген, Шкода веќе најавиле целосно затворање на нивни производствени процеси, не само во Германија туку и во други делови од Европа, бидејќи дел од компонентите кои им се потребни за произдовство доаѓале од Украина.

Мизо вели дека минатата година била најтешка година за автомобилската индустрија, а компаниите од автомобилската индустрија кои работат во земјава лани имале пад помеѓу 20 до 30 проценти од планираното.

Во однос на планираните активности за поттикување на инвестициите во Северна Македонија, директорот на Асоцијацијата на странски компании вели оти, покрај постигнатото усогласување на царините и регионален пристап за помагање на компаниите кои инвестираат надвор од главниот град, треба да се подобри и целиот процес за добивање на работни дозволи за странци со цел земјава да биде конкурентна со европските држави, како и да се обезбеди помош за обука и тренинг на вработените.

„Никаде во Европа индустријата не е лоцирана во главниот град. Ние треба да се стремиме кон она што е тренд во Европа, најголем дел од комапниите да бидат лоцирани надвор од галавниот град, додека во главниот град да се лоцирани сервисно ориентирани индустрии“, рече Мизо.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски пак најави нова методологија за поттикнување на инвестиции, чија цел ќе биде да се стигне до поквалитетни инвестиции, што подразбира поголеми приходи во буџетот, повеќе работни места, кои ќе бидат и подобро платени.

„Проектот се работи во соработка со Советот за странски инвестиции, кои имаат поголемо искуство од нас и кои треба да ни помогнат да стигнеме и до подобри правила на доделување на државната помош и до подинамична државна поддршка за оние инвеститори од кои државата ќе има поголем интерес. Нивото на приходи во буџетот од инвестициите во рамки од зоните во 2020 гоидна е околу 40 милиони евра, наша цел е до 2024 година нивото на овие приходи да достигне 100 милиони евра. Тоа се повеќе средства за проекти и во здравството и во образованието“, рече Депотовски и додаде дека очекува платите и натаму да растат со тенденција во следните две години просечната бруто плата во зоните да го надмине нивото од 1000 евра.

Дирекцијата годинава има буџет од 20 милиони евра за поддршка на компаниите.

Дирекцијата за Технолошко-индустриските развојни зони во соработка со Советот на странски инвеститори и компаниите организираше панел на тема „Иницијатива за изработка на нова методологија за државна поддршка за поттикнување на инвестиции” како дел од активностите за унапредување на деловната клима со цел проширување на услугите и можностите за инвестирање.

Целта на новата методологија, како што велат од ТИРЗ, е целосно искористување на потенцијалот на постојната регулатива и натамошна надградба на модел за индивидуализиран („паметен”) пристап во поттикнување на инвестиции со повисок квалитет. Со методологијата натамошно ќе се зајакне предвидливоста и ефикасноста на системот за државна поддршка на инвестиции, со целосен фокус на квалитет и интерес за државата и граѓаните.

(Б.Б.)

 

автомобилска индустрија Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство Виктор Мизо инвестиции Јован Деспотовски ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.