Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мизрахи: Во Резолуцијата учествуваа МАНУ и УКИМ, ВМРО-ДПМНЕ ја даде рамката

0
By НОВА ТВ on July 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Резолуцијата за дефинирање на македонските црвени линии во однос на спорот со Бугарија не треба да поттикнува поделба, иако резултира на недоверба во самиот процес. Ова во гостување на ТВ Алфа го кажа пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Таа потврди дека автори на самата Резолуција се МАНУ, УКИМ, додека формата ја дала пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 – За мене е очекувано да биде оваа Резолуција прифатена од СДСМ. На пример, како би звучело во предизборие на локални избори да кажуваат дека биле против Резолуција која што вели – ‘Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и временски континуитет’. Како ќе бидете против ова?, рече Мизрахи во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Од СДСМ, пак, рекоа дека се подготвени да ја прифатат на предлог-резолуцијата, за исцртување на црвените линии за спорот со Бугарија.

– Во рамки на парламентот ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата таква каква што е каква што и всушност видовме од медиумите затоа што официјален предлог до нас како пратеници нема. Значи согласно Уставот ВМРО-ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник да ја испрати резолуцијата, секако ние како одговорно мнозинство ќе ја прифатиме таква каква што ја гледаме во медиумите, рече Костадин Костадинов пратеник и портпарол на СДСМ.

Партијата Демократски сојуз, која е дел од коалицијата на СДСМ, денеска соопшти дека собранието треба да донесе резолуција со која ќе се упати јасна порака до Европската Унија и соседите дека никој нема право да го оспорува македонскиот национален идентитет, неговиот историски континуитет, како и јазикот. Од партијата додаваат дека очекуваат текстот од актуелниот предлог да се подобри. Резолуцијата е прифатлива за ДОМ и за ЛДП.

блокада ЕУ Историја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.