Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МКЦ: Дали сме подготвени за зрела дебата?

0
By Нова ТВ on June 22, 2019 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Мирко Попов

Во недостаток на аргументи, потписниците на писмото за поддршка на господинот Русе Арсов за директор на МКЦ Скопје, деновиве беа обвинувани за негативна капмања против господинот Арбен – Бени Шакири, противкандидат за раководната позиција во куќата. Не знам дали се работи за нарачан сентимент, но дефинитивно е невешта конструкција на оние кои целокупниот корпус на професионални културни работници во земјава сакаат да го претстават во лошо светло.

Ајде збор два на темата. Пред сè и над сè, имам голема почит за господинот Шакири како музичар кој опстанал со децении на нашава сцена, во неверојатно тешки, речиси невозможни услови за кој било пристоен уметник или човек. Треба фанатичност, посветеност и гооолеми ј…а да се биде музичар тука. И тоа музичар кој живее директно од сопствениот труд “на улица”. Никој не може да му го одземе тоа. Бени како човек го знам малку, но ми остана во глава неговата непосредност и отвореност. И тоа високо го ценам. Па така да расчистиме: не постои никаква непочит, ниту дискредитација на неговата личност. Напротив, постои респект и восхит за борбеноста, желбата за опстанок и развој, и тоа токму во овие бедни македонски услови.

Како надворешен соработник, со МКЦ работам 25 години. Мојата професија ме упатува на соработка со институции од тој тип. Создавам културни производи кои се адекватна програма за такви простори, а сето тоа е дел од вкупната културна понуда на земјава. Во овие децении искуство ги следев промените на МКЦ, од некои дно ситуации, до искачувањето на оваа институција како една од водечките во Македонија и тоа според нивото, квалитетот и количината на завршена работа. Денес никој во земјава не може да порекне дека МКЦ Скопје според резултатите е врвна институција која може да биде само пример за останатите. Згора на тоа, МКЦ е извор и жариште на автентична македонска современа култура и вистински дом на најголемиот број уметници кои ја создаваат истата. Тоа го потврдува и листата на потписи за поддршка за продолжување на овој курс на куќата.

Ај што е дом, но МКЦ е веројатно и последна надеж во вербата на младите (и не толку младите) генерации, дека во Македонија/Скопје, вреди да се остане и живее. Ве молам ова сфатете го буквално, бидејќи е прецизно така. МКЦ е единствената точка од македонскиот државен апарат која влева некаква доверба во институциите и дека Македонија може да биде пристојна држава.

Сметам дека за моменталното водство и екипа на МКЦ зборуваат резултатите, а тие се вонсериски и не само за македонски услови. Сметам дека нарушувањето на континуитетот ќе биде катастрофално по самата програма на МКЦ, но и по широката прифатеност на оваа куќа помеѓу младите. Последиците ќе бидат катастрофални по тоа прашање, а ќе се почувствуваат многу брзо. Токму ваков МКЦ, жариште на напредна, европска и светска култура ни е потребно во моментите кога грчевито со обидуваме да се приклучиме кон светските текови.

Во последниве 10тина години континуиран развој, МКЦ успеа да се оттргне од рацете на државните (читај: партиски) влијанија и да израсне во бастион на независната, алтернативна култура. Господинот Шакири доаѓа од друго музичко-културно милје и сметам дека нема доволно познавања од овој тип сцена. Ќе додадам и дека музиката е само еден сегмент од работата на МКЦ, која е многу поширока и опфаќа многу полиња. Сегашниот раководител, господинот Арсов е дипломиран продуцент на ФДУ, искусен и докажан професионалец и потекнува директно од оваа институција. Неговиот и професионализмот на екипата која се грижи за програмата се на највисоко ниво, за што говорат и резулатите, но и потписите на буквално сите кои се чинители на сцената. Длабоко сум уверен дека и публиката ќе го каже јасно и цврсто истиот став доколку биде прашана.

Ќе повторам: не се работи за никаква непочит, напротив. Се работи за длабоко уверување дека актуелната работа на МКЦ заслужува максимални оценки и во заеднички интерес е да продолжи понатаму токму вака.

Искрено жалам за некои вулгарни испади од поединци, пред сè новинари па и државни службеници овие денови кои во недостаток на аргументи посегнаа по навредлив тон и дискредитација. Јас ова го доживувам како широка општествена дискусија за доброто на сите. Ќе додадам и дека искрено жалам што го послушав советот на некои луѓе да не го  поканам господинот Шаќири на кафе дискусија пред сето ова да започне. Сигурен сум дека ќе се разберевме очи во очи, колку и да не се согласуваме. Поканата за кафе е отворена, со извинување од моја страна што не дојде пред писмото. Ајде да ја направиме Македонија подобро место за живеење. Заедно.

директор Мирко Попов МКЦ писмо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.