Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младиќ на судењето на Караџиќ: Не го признавам сатанскиот суд

0
By Нова ТВ on January 28, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 28, 2014 17:55

Ратко Младиќ, поранешен командант на армијата на Република Српска, обвинет за геноцид и други воени злосторства, се појави во Хашкиот суд како сведок на одбраната на Караџиќ, кому му се суди по речиси идентично обвинение.

Адвокатот Бранко Лукиќ на почетокот на денешното заседание уште еднаш побара Ратко Младиќ да не сведочи поради две причини, лошата здравствена состојба и поради тоа што неговото сведочење може да биде штетно во неговиот предмет.

-Мојот клиент поради мозочниот удар има пореметено сеќавање и затоа е несоодветен како сведок. Ако на тоа биде принуден, тоа ќе биде штетно по неговите права. Тој е уверен дека зборува вистина дури и тогаш кога не го прави тоа. Како лице со такво пореметување може и да измислува факти, а да е уверен дека зборува вистина.

Мојот клиент не е во состојба да ги анализира документите со застапниците на својата одбрана. Ако е во состојба да сведочи, би сведочел на сопственото судење. Ако биде принуден да сведочи на ова судење, ќе бидат прекршени човековите права на мојот клиент.

Ваквото барање, по консултација на четиричлениот судски совет, беше одбиено. Судскиот совет побара Младиќ да даде свечена изјава и да почне главниот претрес. Младиќ прво одбиваше да даде свечена изјава дека ќе ја зборува вистината, барајќи претходно да ја прочита својата изјава од седум страници која ја напишал претходната ноќ:

-Јас не го поднесувам, ниту го признавам овој меѓународен суд и не можам да сведочам, ниту да давам заклетва пред него, затоа што тоа е притисок врз мене како личност, врз моето здравје и врз мојот народ, рече Младиќ и побара да ја прочита својата изјава „со уважување на претседателот Караџиќ и неговите напори кои ги правеше и ги прави за спас на нашиот народ, за што и јас придонесов нешто“.

-Хашкиот суд не го признавам, затоа што НАТО е творба. Тоа не е суд на правдата, туку е сатански суд, којшто ни суди нам затоа што сме Срби, рече Младиќ, по што беше прекинат од судијата претседавач, О Гон Квон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.