Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите се најранливата категорија кога станува збор за кршење на работничките права

0
By Ivana on August 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секцијата на млади при Сојузот на синдикати на Македонија се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на младите и го поддржува барањето за нов социјален договор базиран на петте клучни принципи: работнички права, сигурни работни места, социјална заштита, заштита од дискриминација и инклузија во општеството

Од Секцијата на млади при ССМ посочуваат дека од почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот, речиси 30 проценти од луѓето кои останале без работа се млади лица под 29 години што значи дека секој четврти човек кој останал без работа е млад човек.

– Според нашите податоци, најголем број на млади лица кои го загубиле своето работно место имале договор за вработување на определено време, што го потврдува податокот дека младите лица се една од најранливата категорија на лица кога станува збор за работнички права, работат на црно, имаат договори на определено, земаат плата пониска од останатите и работат на понесигурни работни позиции, се наведува во соопштението од Секцијата на млади при ССМ.

Бараат ограничување на договорите на определено време од пет на една година по што работниот однос би се транформирал на неопределено време.

Само на тој начин, велат, ќе се спречи одливот на мозоци и младите ќе ја гледаат својата перспектива во сопствената држава.

Од Секцијата на млади при ССМ посочуваат дека работат на информирање и едукација на младите и дека е отворена бесплатна мобилна апликација „ССМ-мои работнички права“ на која може да се пријават прекршувањата на работничките права.

– Новата мобилна апликација, претставува една нова, современа и лесно достапна алатка за пријавување, консултирање и информирање за работничките права во најкус можен рок. Ги охрабруваме сите, особено младите луѓе да ја искористат оваа апликација и навремено да добијат информации за своите работнички права, нагласуваат од Секцијата на млади при ССМ.

кршење млади работнички права ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.