Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ: Економијата со солиден раст, банкарскиот систем е здрав-реформите да продолжат

0
By Нова ТВ on November 18, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 18, 2019 11:07

Со силна посветеност, властите го оживејаа интензитетот на реформите во последниве години. Клучните институционални реформи, како и оние од областа на управувањето ја покажаа посветеноста да се справат со долгогодишните предизвици. Уште повеќе, рамките за пензиско и социјално трошење се зајакнати, додека оданочувањето беше направено поправично, подобрувајќи ја одржливоста на јавните финансии. Преку овие активности, властите се стекнаа со значителен кредибилитет на политиките и економијата се опорави, се вели во заклучоците од Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд што минатата недела престојуваше во земјава.

Според тимот на ММФ, останувањето на патот на реформите ќе помогне во одржувањето на кредибилитетот на политиките.

-Мисијата на ММФ препорача да се искористи овој период на солиден раст за да се обнови фискалниот простор, со цел да се зајакне способноста на економијата да се справува со идни шокови. Во овој контекст плановите за модифицирање на елементи од неодамнешните фискални реформи би можеле да поткопаат некои од придобивките кои веќе биле остварени. Одејќи напред, зголемувањето на поголемата еднаквост на приходите и подобрувњето на животниот стандарd ќе бара микс од фискална политика што е насочена кон раст и непоколеблива посветеност кон амбициозната агенда за структурни реформи, се наведува во заклучната изјава на Мисијата на ММФ.

Според ММФ, растот се очекува да зајакнува во текот на оваа година придвижуван од силната домашна побарувачка и солидниот раст на извозот и покрај забавувањето на меѓународната трговија.

– Растот се очекува да се забрза до 3,4 отсто во 2020 година, што е одраз на привременото поттикнување од Буџетот за 2020 година и на повисоките плати. Пониските даноци и повисоките пензии и плати, вклучително и во јавниот сектор и минималните плати, се очекува да бидат дополнителен, иако еднократен, стимул за потрошувачката. Растот на извозот и инвестициите ќе остане солиден, иако ќе забави, што е одраз на слабиот раст кај трговските партнери. Ова забавување би можело да стане поизразено доколку се влошат трговските тензии на глобално ниво или доколку се одложат инвестициските планови поради неизвесноста во текот на изборниот период, стои во извештајот.

Од ММФ посочуваат дека иако во последниве две децении растот беше солиден, тој не беше доволен за да може значително да го стесни големиот јаз во доходот помеѓу ЕУ и Северна Македонија. Порачуваат дека за да се забрза изеднвачувањето на приходите, од суштинска важност е да се продолжи со реформите за подобрување на јавната администрација, владеењето на правото и контролата врз корупцијата.

Во однос на зголемувањето на минималната плата оценуваат дека таа ќе порасне до над 50 отсто од просечната плата што е високо според регионалните стандарди, но оти зголемувањето на минималната плата можеби нема да биде ефективно во намалувањето на сиромаштијата, особено доколку тоа делува кон намалување на формалното вработување. Мисијата на ММФ препорачува да се зачува конкуреноста преку тесно усогласување на минималната плата со продуктивноста, притоа осигурувајќи целосно спроведување.

Тимот на ММФ очекува фискалната позиција во 2020 година да биде порелаксирана и проектира фискалниот дефицит да се прошири до 2,5 отсто од БДП во 2020 година.

-На страната на трошењето, Предлог-буџетот за 2020 година предвидува дополнително зголемување на пензиските надоместоци кое е поврзано со растот на платите, преку менување на CPI индексацијата усвоена во 2018 година. Веќе имплементираната мерка за повратот на ДДВ – наменета за подобрување на наплатата на приходите ќе придонесе за зголемување на трошоците. Предложеното одложување на прогресивниот персонален данок на доход и данокот на капитални добивки ќе го забави растот на приходите. Истовремено повисоките придонеси за социјално осигурување ќе генерираат дополнителни приходи, наведуваат од ММФ.

Се препорачува пренасочување на јавното трошење кон инвестициите, што би требало да биде поткрепено со мерки за зајакнување на рамката за управување со јавните инвестиции, вклучително и подобро дефинирање на приоритетите и справување со тесните грла при извршувањето на планираните проекти.

Реформите со цел справување со сивата економија, според тимот на ММФ, ќе помогнат во подобрување на деловната клима и ќе ги заштитатат работниците, а исто така ќе имаат и потенцијално големи придобивки во смисла на приходи, прашање што е високо на агендата на Владата.

-Неформалната економија е штетна затоа што формалните бизниси се соочуваат со нелојална конкуренција од оние што не плаќаат даноци или не ги исполнуваат регулативите, работниците во неформалниот сектор се лишени од многу работнички права, а јавните ресурси се намалени. Приоритет треба да биде зајакнувањето на ефикасноста и правната усогласеност, во комбинација со мерките што ја зголемуваат довербата на јавноста во институциите и даночниот морал, констатираат од ММФ.

Монетарната политика соодветна, банкарскиот систем здрав

Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав, оценува тимот на ММФ.

Притоа се укажува  дека Народната банка соодветно ги искористила поволните услови за зголемување на девизните резерви. Според тимот на ММФ, во иднина, доколку дојде до влошување на надворешното окружување, Народната банка треба да биде подготвена да ја заостри монетарната политика.

Банкарскиот систем, според оцените на тимот на ММФ е здрав, добро капитализиран и ликвиден. Тековните активности за окрупнување на системот ќе придонесат за негово консолидирање и за подобрување на неговата ефикасност. Тимот на ММФ оценува дека преземањето чекори за натамошно зголемување на денаризацијата на депозитите, заедно со внимателно осмислените мерки за намалување на девизното кредитирање на домаќинствата, доколку е тоа потребно, ќе придонесе за натамошно зајакнување на отпорноста на нашиот финансиски систем.

Во Заклучокот на тимот на ММФ се истакнува дека дополнителното зајакнување на рамката за финансиска стабилност и натаму е приоритет. Истовремено е изнесена позитивна оцена за продолжувањето на активностите за зајакнување на супервизорската и регулаторната рамка. Овие активности се преземени во согласност со Програмата за детална проценка на финансискиот сектор (ФСАП) која е спроведена минатата година.

Како што заклучува тимот на ММФ, истовремено се подготвува и регулатива со која ќе се зајакне макропрудентниот мандат на Народната банка и ќе се овозможи подобро утврдување на системските ризици во банкарскиот систем.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.