Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ: Висока транспарентност во работењето и доверба на јавноста во Народната банка

0
By НОВА ТВ Balaban on January 29, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Народната банка применува напредни практики во однос на транспарентноста и ужива висока доверба од јавноста, благодарение на водењето на конзистентни политики кои овозможуваат макроекономска стабилност, се наведува во Извештајот од мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), спроведена во рамки на Кодексот на транспарентноста, а објавен на 28 јануари 2022 година.

Народната банка е втора централна банка во светот, за којашто ММФ направи оцена на применуваните практики за транспарентноста, со предвидените принципи во рамки на ревидираниот Кодекс на транспарентноста на ММФ, донесен во јули 2020 година.

– Оваа оцена беше направена на иницијатива на Народната банка, со што се потврдува континуираната заложба на банката за унапредување на транспарентноста во работењето. ММФ спроведе мисија во која детално ја испитуваше поставеноста на практиките и процесите кои овозможуваат транспарентност на Народната банка во однос на работењето, комуницирањето на политиките, активностите, резултатите, како и во поглед на деловните односи. Исто така, во рамки на мисијата, претставниците на Фондот спроведоа повеќе интервјуа со повеќе засегнати страни, како други државни институции, претставници на давателите на финансиските услуги и медиумите, се наведува во соопштението на Народната банка.

Согласно наодите од Мисијата на Фондот, од вкупно 90 принципи за транспарентност, за 42 принципи Народната банка применува посеопфатни практики од бараните, додека 32 принципи се во рамки на барањата на кодексот. Останатите принципи, како што констатираше Мисијата, не беа во опфат на оценката, имајќи предвид дека транспарентноста во делот за банкарско работење и пазарнаta инфраструктура се оценува со други стандарди, додека за принципите во однос на заштита на потрошувачите Народната банка се уште нема законски мандат.

Високата усогласеност на практиките кои ги применува Народната банка со предвиденото во Кодексот, се значајна потврда за заложбите на Народната банка во изминатиот период за унапредување на комуникацијата, транспарентноста во работењето, а со тоа и кредибилитетот на институцијата во јавноста. Комуникациите се високо во приоритетите на современото работење на централните банки, бидејќи колку полесно се сфатат одлуките на монетарната политика, толку ќе биде поголема ефикасноста и ефективноста на реализацијата на поставените цели. Оттаму Народната банка, согласно Стратегискиот план 2022-2024, како една од стратегиските цели го идентификуваше континуираното преземање активности за навремено информирање за одлуките, активностите, согледувањата и оцените на Народната банка, коишто се од значење за економските субјекти и граѓаните, вклучително и во процесите на носење одлуки. Во оваа насока се планира спроведување на Проект за унапредување на транспарентноста и достапните информации за функциите, активностите и работењето на Народната банка, согласно препораките од мисијата на ММФ, како и спроведување на анкетно истражување во однос на поставеноста на комуникациската стратегија на Народната банка и организирање работилници и куси средби со новинарите, се додава во соопштението.

Висока транспарентност ММФ Народната банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.