Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Многу незаконитости во угостителските објекти – глоби и забрани

0
By Нова ТВ on November 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 27, 2017 12:57

Во текот на изминатиот викенд Министерството за внатрешни работи во соработка со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, извршија контроли во вкупно 33 угостителски објекти, од кои 15 на подрачјето на СВР Скопје, три на подрачјето на СВР Тетово, осум на подрачјето на СВР Струмица (во Гевгелија) и седум на подрачјето на СВР Велес (во Кавадарци).

При извршените контроли во трите угостителски објекти на подрачјето на СВР Тетово, регистрирани се прекршоци во сите објекти. На два угостителски објекти им се издадени  решенија за привремена забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена, како и прекршочни платни налози за глоби во износ од 500 евра. На третиот објект му е издадено решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од седум дена.

Покрај ова, приведени се 16 лица, од кои тројца македонски државјани (заради пронајден нож, како и утврдување на идентитет) и 13 албански државјанки за злоупотреба на туристички престој во Република Македонија и нерегуларно вработување.

При извршените контроли во објекти на подрачјето на СВР Скопје издадени се две решенија за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 30 дена и едно решение за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 10 дена. Изречени се три глоби по Законот за заштита од пушење, а на девет од контролираните објекти им е наложено да достават потребна документација до инспекциските служби. Две лица се приведени, едното по член 215 (“неоволастено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“), а второто – малолетно лице кое консумирало алкохол.

Во рамки на извршените контроли на подрачјето на СВР Струмица, односно во Гевгелија, на еден угостителски објект му е издадено решение за  привремена забрана на вршење на дејност во траење од 15 дена, а на друг угостителски објект му е издадено решение за  привремена забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена.

При извршените контроли на подрачјето на СВР Велес, односно во Кавадарци, на еден угостителски објект му е издадено решение за  привремена забрана на вршење на дејност во траење од 15 дена, а на три угостителски објекти им се издадени решенија за  привремена забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена.

На подрачјето на СВР Куманово минатиов викенд беше спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возила од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотестирани се вкупно 136 возачи и притоа кај 21 возач е утврдено присуство на алкохол, над дозволеното.

Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период.

глоби забрани контроли во угостителски објекти МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.