Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Јавното шпекулирање на ВМРО-ДПМНЕ со информации од затворена седница е грубо кршење на законот и дипломатски скандал

0
By Ана Василевска on April 26, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
мнр
мнр
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Упатувањето амбасадори, односно шефови на дипломатски и конзуларни претставништва на Северна Македонија е регулирано со Законот за надворешни работи што предвидува сложена постапка за именување амбасадор, врз база на усогласеност од Министерството за надворешни работи и Претседателот, одобрување од Владата, како и агреман од државата на приемот, наведува МНР во реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се вели дека на синоќешната владина седница била донесена одлука за назначување нови амбасадори.

-Се работи за комплексен процес во кој своја улога има и Собранието, преку посебно излагање на предлог – амбасадорите пред Комисијата за надворешна политика; тоа е суштински елемент од постапката низ која не само што пратениците имаат можност да ги испрашуваат предложените амбасадори, туку овие седници се јавни за што и широката јавност има можност директно да запознае кој ќе ја претставува земјата во странство, наведува МНР во реакцијата.

Оттаму додаваат дека сѐ до завршувањето на оваа постапка (добивањето агреман), овие податоци се доверливи и за тоа постои добра причина.

„Јавното шпекулирање на ВМРО-ДПМНЕ со информации од затворена седница, не само што е грубо кршење на законот, туку претставува дипломатски скандал со кој се минираат државните позиции, нанесувајќи притоа ненадоместлива штета на меѓународниот углед на земјата. Шпекулирањето и објавување имиња на предлози, пред за тоа да се добие агреман од земјата – домаќин, ја загрозува улогата на самите амбасадори уште пред да бидат упатени, а во многу непријатна положба ги става и институциите на земјата – домаќин, чиј процес на одобрување е сега контаминиран со шпекулациите од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на МНР.

Во истата насока, додава МНР, ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ за одговорно однесување, согласно дипломатските кодекси и узанси и почитување на принципите на Виенската конвенција за дипломатски и конзуларни односи.

„Имајќи предвид дека Претседавач со Комисијата за надворешна политика е од редовите на оваа партија, она што граѓаните и дипломатската јавност очекува е целосно да се стави во функција овој механизам од процесот како најдобар начин да се обезбеди јавен увид врз целиот процес“, додаваат од МНР.

Филипче по терк на својот ментор Заев ги лаже граѓаните.  Филипче во текот на своето министерување има континуитет само во едно, а тоа се лагите.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека „свесното  хируршко уништување на македонската дипломатија од страна на хирургот Бујар Османи се докажа и по синоќешната владина одлука за назначување на нови амбасадори“.

„Изборот полош не може да биде, а поголем срам за тоа кој ќе ја претставува Македонија надвор од нејзините граници уште покатастрофален. Предлог амбасадор за ДКП Лондон е Катерина Ставревска, до некогашен шеф на кабинет на Радмила Шекеринска. Вработените во МО сведочат за вршење на мобинг,  а јавноста можеше со свои очи да види како Ставревска со својата шефица Шекеринска прават злоупотреба на државен хеликоптер за прошетка и дегустација на вина. И сето тоа врз грбот на граѓаните на Македонија! Дали министерот кој ја донесе Македонија на работ на преживување како правната држава, Тупанчевски заминува за Белград затоа што не знае странски јазик?, наведе опозициската партија.

Натаму, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека „илјада евра месечно од буџетот на македонските граѓани не му се доволни на сега веќе идниот Амбасадор кој пополнува место по потреба Андреј Жерновски, сега назначен за амбасадор за Букурешт иако до пред месец дена беше предлог за Белград?!“

„Дали можеби тоа што Јакуп Реџепи, сега веќе предложен амбасадор на Македонија во Сараево, вујко на министерот за финансии, Фатмир Бесими е единствената причина за неговото назначување? Дали Емил Крстевски или познат во јавноста како директор што од службен фб профил се заканува и вреѓа македонски граѓани, (Државен Архив ) е соодветно решение за амбасадор во Прага, дополнително само затоа што неговата сопруга Сања Зографска – Крстевска е сеуште актуелен генерален конзул на Македонија во Мелбурн?“, обвини ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ Дипломатски скандал МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.