Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Македонија хумано ги третира бегалците

27
By Нова ТВ on September 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 24, 2016 10:12

Министерството за надворешни работи испрати реакција на веста со која беше објавено дека Високиот комесар на Обединетите Нации за човекови права Зеид Ра’ад Ал Хусеин ги повика македонските власти да ја прекинат нивната систематска политика на протерување и притворање мигранти. Ра’ад Ал Хусеин рече дека е особено загрижен за состојбата на околу 180 мигранти, меѓу нив и 80-тина деца, кои живеат во неизвесност во двата транзитни центра – Табановце и Винојуг. Тие останаа заглавени во земјата по затворањето на границите на 8 март.

“Министерството за надворешни работи ја цени и почитува работата на Канцеларијата на Високиот Комесар за човекови права во Обединетите нации и ја оценува како особено важна во заштитата и почитувањето на човековите права во светски размери. Сепак, во контекст на последното соопштение до јавноста во насока на непочитувањето на правата на мигрантите/бегалците од страна на Република Македонија и острата реторика искористена во истото, сакаме да потенцираме дека Република Македонија посветено работи на проблематиката за справување со мигрантската криза, притоа обезбедувајќи хуман третман, согласно националните закони и меѓународните конвенции за заштита на човековите права.

Би ги охрабриле институциите кои се задолжени да даваат оценки за ограничени аспекти на комплексната криза со која се соочува континентот да се ангажираат во формулирањето на сеопфатни решенија. Секако, тоа е многу потешко, но, така можеби би се избегнале стапиците да се става во фокус само една земја или да се третира само еден аспект од еден многу комплексен феномен.

Низ нашата територија поминаа над милион мигранти, за чиј трансфер беа искористени огромен дел од сопствените капацитети за менаџирање на процесот. Истиот се спроведуваше и сеуште се спроведува со помош од пријателски држави на Република Македонија, невладиниот сектор и меѓународните организации. Според податоците до август 2016 година, повеќе од 580 погранични патроли ја менаџираа границата, со придонес на безбедносните сили од Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Словачка и Унгарија.

Во неколку наврати е потенцирано дека Република Македонија се соочувала со потешкотии во изнаоѓањето соодветен баланс помеѓу одржувањето на редот и безбедноста во државата и осигурувањето на човековите права на мигрантите кои се на наша територија, но исто така, во текот на оваа криза се покажа како кредибилен и одговорен партнер на Европската унија и меѓународните организации.

Република Македонија дава максимални напори во справувањето со оваа комплексна ситуација, притоа прилагодувајќи се на потребите на настанатата ситуација во насока на пружање соодветен третман на мигрантите на своја територија. И во иднина ќе продолжиме со максимални напори да го спроведуваме почитувањето на човековите права на сите граѓани подеднакво, со посебен фокус на обезбедување минимум соодветни услови на мигрантите кои се наоѓаат во нашата држава или транзитираат низ Република Македонија.”

бегалци МНР Обединети нации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.