Во Генералниот конзулат на Северна Македонија во Чикаго, САД, непречено се одвива мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Од таму посочуваат дека досега се земени податоци за нови биометриски исправи од околу 160 лица, а 60 од нив веќе ги добиле, соопшти МНР.
„Конзулатот во Чикаго опфаќа 22 федерални единици во САД, што укажува на многубројната дијаспора што живее на таа територија. Со новата опрема што ја имаме, пасошите ќе се подготвуваат многу побрзо отколку во минатото и заинтересираните страни ќе бидат позадоволни од оваа услуга“, вели генералниот конзул во Чикаго, Петрит Муслиу.