Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МО: Седум меѓународни вежби на „Криволак“ во 2022 година со над 5.000 учесници

0
By Sashko on January 5, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: jfcnaples.nato.int
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска заедно со претставници од Генералштабот и Армијата и претставници од Амбасадата на САД ќе го посетат Армискиот полигон „Криволак“ и ќе направат увид во реконструктивните активности кои се извршуваат на повеќе локации.

Како што соопшти Министерството за одбрана (МО), со инвестиции во патната инфраструктура, објектите, обнова на полигоните за обука, „Криволак“ добива нов, модернизиран и современ лик.

Во 2022 на полигонот „Криволак“ ќе се одржат седум меѓународни вежби – со учество на 5.200 припадници на сојузничките армии, како и на Армијата на Северна Македонија. Најголема меѓу нив е вежбата SWIFT RESPONSE – 22, на која е најавено учество на околу 4.000 учесници од армиите на САД, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и од Северна Македонија, се вели во соопштението.

Од ресорното министерство потсетуваат дека реконструкцијата на „Криволак“ започна во 2020 година. Се работеше и активно се работи на зачувување на постоечката и воспоставување на нова патна инфраструктура, а во овој период се градат, реконструираат и санираат објекти, санитарни јазли и пречистителни станици. Во периодот што следува е предвидена набавка на нови 32 контејнери за сместување, со што ќе се зголеми сместувачкиот капацитет на полигонот.

Припадниците на Инженерискиот баталјон, во изминатиов период, како што се наведува, самостојно работеа на пробивање на нови патишта за изградба на обиколницата на полигонот „Криволак“, но и на реконструкција на постоечката инфраструктура и внатрешно поврзување со цел да се обезбеди комплетно патно поврзување на полигонот во вкупна должина од 75 километри.

„Со поддршка на 15. Инженериски баталјон на Армијата на САД, Инженерискиот баталјон на Армијата минатата година работеше на изградба на нови содржини, полигони со подвижни и неподвижни цели за оклопни возила, полетно – слетна патека за беспилотни летала, магацин за складирање на мети, се со цел овој наш ресурс да стане еден препознатлив НАТО ресурс за обука и тренинг“, се вели во соопштението од МО.

вежби инвестиции Криволак Македонија МО Полигон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.