Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини побара детална истрага во име на Унијата за нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ во Поточари на комеморацијата денеска.
– Очекуваме властите во Босна и Херцеговина да спроведат целосна истрага, порача Могерини. Таа додаде дека нападот го нарушил духот на комеморацијата за жртвите од Сребреница.
Премиерот на Србија беше нападнат со камења и исвиркуван откако положи венец за жртвите од геноцидот во Сребреница, по што беше повреден на главата и му ги скршија очилата.
Веднаш по инцидентот тој свика новредна прес-конференција на која порача дека неговиот напад е однапред организиран и нема врска со босанскиот народ, кон кој рече, и понатаму останува подадена раката за примирје, бидејќи, вели Вучиќ, доста е омраза и гнев.




