Федерика Могерини, комесарката за надворешна политика и безбедност на ЕУ, изјави дека Европа се соочува со најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна, но сепак дека, европските порти не смеат да се затворат за беглаците, бидејќи, ако се случи тоа, таа вели „не сме повеќе Европа“.
Ниедна земја, смета Могерини, не може сама да се соочи со овие предизвици, и секоја држава мора да го направи своето, со цел заедно да се совлада овој проблем.
Франција неодамна силно го критикуваше поставувањето на оградата која ја изгради Унгарија на границата со Србија нарекувајќи ја ограда каква што официјален Париз не би изградила ниту за животни.
Будимпешта пак, побара план од Германија за тоа како ЕУ треба да се справува со бегалците и правно да го објасни нивното движење низ Унијата.




