Санкциите воведени спрема Русија ќе останат на сила се додека помагаат за ставање крај на борбата во Источна Украинаи покрај почетното отворање на новата американска администрација кон Москва, порача денеска официјален Брисел.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека Брисел никогаш нема да го признае припојувањето на полуостровот крим кон Русија и нагласи дека двете страни мора да го почитуваат мировниот договор од Минск, јави АП.
По пристигнувањето на министерскиот состанок во Брисел, Могерини, на прашање во врска со најавата на претседателот на САД за затоплување на односите со Русија, рече дека не е нејзина работа да зборува за ставот на американската администрација за Украина, туку за ставот на ЕУ.
Според неа, почитувањето на примирјето на истокот ан Украина, каде насиствата ескалираа на 29 јануари, е „обврска“.




