Високата европска претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини вели по враќањето во Брисел, ќе даде препорака до Европскиот Парламент да одобри стапување на сила на Договорот за стабилизација и придружување на БиХ.
Одговарајќи за босански Аваз, Могерини пред новинарите рече дека одлуката треба да ја донесе Европскиот Парламент кој ќе заседава во март.
– Што се однесува до мене, јас се враќам во Брисел со порака дека можеме да одиме напред. Усвојувањето на заедничката изјава за ЕУ беше клучен чекор, но сега босанските политичари имаат поголема одговорност, а институциите мора да направат план за реформи на сите нивоа. Сте се свесни дека ова е историски ден и не смее да се оди назад. Никој не смее да си го дозволи тоа, изјави Могерини.
Таа потенцираше дека мора да се почне со економски реформи, со зајакнување на пазарот, потоа владеење на правото и администрацијата.
– Односот помеѓу ЕУ и БиХ не е однос на ученик-наставник. Не даваме никаква задача, туку успехот ќе зависи од политичката волја на БиХ, односно од она што граѓаните го бараат, надополни Могерини.
Според неа реформите се важни не поради Брисел, туку поради невработеноста на младите која е огромна во Босна и Херцеговина.
Изјавата за определеност кон Европа беше потпишано од страна на Претседателството и лидерите на 14 политички партии.
Одлуката за усвојување на изјавата Пратеничкиот дом и Домот на народите на парламентот на БиХ ја донесоа на одвоени седници непосредно пред најавениот говор на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна.
Претседателството на БиХ изјавата ја усвои кон крајот на минатиот месец, а потоа ја потпишаа претседателите на 14 политички партии кои имаат пратеници во државниот парламент.
Изјавата има формален карактер и се однесува на тоа дека властите и политичките партии во БиХ ќе работат на спроведување на социјални, економски и политички реформи чијашто цел е обезбедување во следните четири години оваа земја да биде способна да поднесе барање за стекнување статус на кандидат за членство во Унијата.



