Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Мој ДДВ #Моја награда“: Со фискална во рака, до три милиони денари без мака

0
By Нова ТВ on December 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 15, 2019 10:01

Со слоганот „Секоја фискална сметка е важна“ од денеска почнува наградната игра „Мој ДДВ #Моја награда“. Граѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ, а кои ќе учествуваат во наградната игра. Наградниот фонд е пола милион евра, а ќе се доделат 3.852 парични награди на дневна и месечна основа и две главни награди.

Дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1.000 денари, три награди по 2.000 денари и три награди по 3.000 денари. Наградите ќе се извлекуваат по електронски пат, известувањето ќе се добива веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

Месечно се предвидени 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување, но не и оние што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.

Доделувањето на главните награди по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и на 19 декември во 2020 година.

Наградната игра ќе трае до 14 декември 2020 година, а според министерката за финансии Нина Ангеловска се очекува да даде резултат во намалување на сивата економија.

„Граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист. Ќе имаат шанса да добијат една од 3.852-те награди со вкупен фонд од пола милион евра. Ќе добиваат поврат на ДДВ и ќе придонесуваат во борбата против сивата економија која во нашата држава изнесува една третина“, рече министерката за финансии на прес-конференција на која го најави стартот на наградната игра.

За учество во наградната игра, граѓаните најпрво треба да се регистрирани во системот е-Персонален данок, да се корисници на апликацијата „МојДДВ“, каде се појавува известување за наградната игра при што треба да се прифатат условите за учество.

Во тек е првата исплата на поврат на ДДВ на граѓаните за месеците јули, август и септември, откако почна наградната игра.

Мој ДДВ Наградна игра Скенирање фискални сметки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.