Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„МојДДВ #МојаНаграда“- наградниот фонд е половина милион евра

0
By Нова ТВ on December 13, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 13, 2019 14:50

Во недела на 15 декември започнува наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“, во која граѓаните имаат можност секојдневно да добијат една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ и со прифаќање на условите на наградната игра секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на дневна, месечна награда или премија.На прес-конференција министерката за финансии, Нина Ангеловска и директорката за комуникации и маркетинг на Државната лотарија, Камелија Левенска, ги претставија текот и начинот на кој ќе се спроведува наградната игра.

Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од 1.000 денари, 1.101 награда од 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари , односно секој ден ќе се доделуваат по 10 награди и тоа четири од 1.000 денари, три од 2.000 денари и три од 3.000 денари. Секој месец ќе се доделуваат 15 награди од 100.000 денари или вкупно за целото времетраење на играта 180 награди од 100.000 денари. Има и две главни премии од 3.000.000 денари

„Од 15 декември граѓаните што скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист, прво, ќе имаат шанса да добијат една од 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра, второ, ќе добиваат поврат на ДДВ и, трето, ќе придонесуваат во борбата против сивата економија, а кога губи сивата економија, сите добиваме. Ќе им порачам на сите граѓани да бараат фискални сметки, да скенираат, бидејќи секоја фискална сметка е важна“, рече Ангеловска.

За да се учествува на наградната игра раѓаните треба да се регистрирани на системот „Е-персонален данок“, како и да е корисник на апликацијата „Мој ДДВ“. На апликацијата ќе се појави известување за наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“ за прифаќање на условите за учество. Кога ќе се прифатат условите, со секоја скенирана сметка може да стане потенцијален добитник на една од десетте дневни награди, месечните или една од премииите.

Извлекувањето ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката. Сите недобитни, пак, ќе добијат поучна порака со едукативно-информативна содржина. Исто така, недобитните скенирани сметки добиваат сериски број кој ќе учествува за извлекување во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.