Published: Sunday, March 6, 2022 11:55
Од почетокот на војната во Украина на 24 февруари, над 230.000 бегалци успеаја да минат во Молдавија, а 120.000 од нив останаа, рече претпладнево премиерката Наталија Гаврилица на средбата со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен во Кишињев.
За мала каква што е Молдавија, ова е голем број и на Молдавија ќе ѝ треба помош да се справи со напливот на бегалци, рече Гаврилица, пренесува „Ројтерс“.
За време на денешната посета на Молдавија, во рамки на турнејата по источна Европа, американскиот државен секретар го пофали државното раководство на Молдавија поради приемот на бегалци од Украина и најави финансиска помош од САД во висина од 2,75 милијарди долари.




