Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Молкот на институциите: Што по откривањето на фалсификуваните лекови

0
By Нова ТВ on March 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 25, 2018 11:59

Истражувањето за паралелниот увоз на неквалитетни лекови на новинарката на НОВА Менче Атансаова Точи уште во текот на објавувањето на над 20 текстови предизвика реакции во јавноста- и кај граѓаните, кои се корисници и кои лековите им се единствен начин да имаат нормален живот, преку лекарите до веледрогериите, кои увезуваат лекови во Македонија.  Атанасова Точи за овој серијал ја доби првата награда за истражувачка сторија на МИМ, која го носи името на Никола Младенов.

Последна од низата реакции е на Ристо Лузевски, сопственик на веледрогеријата „Промедика“, кој преку отворено писмо до Владата бара одговор, што по откритијата за постоење на фалсификувани и неквалитетни лекови во земјата? Писмото ви го пренесуваме во целост.

„Со внимание го следевме серијалот истражувачки стории кои беа објавени на порталот НОВА, од новинарката Менче Атанасова Точи, која, сметаме, заслужено стана добитник на  првата награда за истражувачко новинарство „Никола Младенов“ на МИМ.

Новинарката Точи во своите истржувачки стории обелодени повеќе проблеми во снабдување на Македонското здравство со неквалитетни лекови. Со години последиците ги чувствуваа граѓаните како пациенти и здравствените работници како професионалци.

Сите ја знаеја приказната, но никој немаше доблест јавно да ја каже. Тоа првпат јавно го направи Точи опфаќајќи ги сите аспети од оваа спакувана приказна за набавка на современи лекови од врвни производители по багателни цени. Креаторите на оваа “забава” за народ и за “ГОЛЕМА” заштеда на здравствениот денар, функционираа по добро уиграни патишта и ролји, секако на штета по здравјето на пациентите и стручноста на здравствените работници.

Во истражувачките стории на Точи беа опфатени сите аспекти на паралелниот увоз:

  • Проблемите со квалитет на увезените лекови
  • Проблематичниот транспорт
  • Сомнителниот извор на набавка
  • Отсуството на контрола на квалитетот
  • Таинственото повлекување на некои лекови од болниците
  • Наводните заштеди кои понекогаш беа цел 1(ЕДЕН) денар по пакување во споредба со лекот увезен по редовна процедура и со целосна гаранција за квалитетот од производителот
  • Трагедиите и драмите низ кои минуваат пациентите и нивните семејства
  • Деловните интереси и релации на учесниците во паралелен увоз и носители на јавни функции
  • Нетранспарентноста на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови кои бегаат од одговорност поврзана од оваа тема
  • Игрите на институциите околу измените на законската регулатива кои прикажуваат наводна желба да се променат работите, а во реалност овозможуваат тие да си течат непречено дури и да земат поголем замав…

За сево ова секоја чест на Вашиот портал и Вашата новинарка. Симнуваме капа. Професионално, компетентно и одговорно. Новинарство кое сите го посакуваме.

Но кои се резултатите и ефектите од новинарските истражувања? За сега молк на институциите, ветувања кои не се исполнуваат и служат да се добие на време. Актерите, заедно со старите и нови кадровски решенија, поточно инсталации на клучните позиции, како поддршка продолжуваат да си ја тераат добро зацртаната шема на лекови со сомнителен квалитет.

Дали и кој треба да понесе одговорност? Веруваме дека надлежните во Владата и другите институции на системот имаат премногу обврски, но тоа не значи дека  здравјето и” играта со смртта” во трката за екстра профит на одредени структури треба да го изгубат приоритетот кој ова прашање го заслужува. Решавањето на проблемите со неквалитетни лекови се однесува на сите граѓани на државата и е над партиско и над политичко прашање, а најмалку е профитерско.

Ако до пред некој месец за овие проблеми само се шепотеше па институциите имаа оправдување зошто не превземаат ништо, денес со вака  јавно и јасно објавени и точно дефинирани проблеми и надлежности, повеќе од сигурно е дека Владата и институции имаат обврска и одговорност да преземат СЕ што е неопходно за да обезбедат квалитетни лекови за граѓаните на Р.Македонија“.

*Промедика е веледрогерија која не учествуваше во постапките на паралелен увоз 

отворено писмо Промедика реакција фалсификувани лекови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.