Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН ќе го награди штипскиот Питагора за постигнувањата по математика

0
By Ivana on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 7, 2021 15:29

Министерството за образование и наука ќе му додели две парични награди на ученикот Дамјан Давков од Штип за освоени високи места на меѓународни математички натпревари, односно за освоениот сребрен медал на Јуниорска балканска математичка олимпијада и за освоениот бронзен медал на Балканската математичка олимпијада. Двата натпревара беа одржани во 2020 година.

– Откако на јавниот повик на МОН за доделување парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот, пристигнаа две барања од страна на младиот талентиран математичар кој е актуелен со своите постигнувања на домашни и меѓународни натпревари по математика, Комисијата задолжена за разгледување на апликациите оцени дека тие се во согласност со наведените критериуми и услови за остварување на ова право, соопшти МОН.

Министерството во соопштението упати честитки до ученикот, неговото семејство и до наставниците и менторите кои го подготвуваа за натпреварите, за постигнатите високи резултати со желби во иднина да постигнува уште поголеми успеси.

-Младите како Дамјан Давков се најдобриот репрезент на државата на меѓународно ниво и потврда дека имаме висок човечки потенцијал кој ќе обезбеди подобра иднина за општеството. Министерството за образование и наука ќе продолжи да ги поддржува талентираните ученици и во иднина, вреднувајќи го нивниот труд и постигнати резултати и стимулирајќи го развојот на нивниот капацитет, преку доделување стипендии за талентирани средношколци, доделување парични награди за освоени први места на државни натпревари и високи постигнувања на меѓународни натпревари и олимпијади, наведува МОН во соопштението.

Додава и дека настојува  и понатаму да креира нови и да ги унапредува постојните политики за поддршка на талентираните ученици, со цел овозможување целосно остварување на нивниот потенцијал и стимулација за вложување на сопствените знаења и способности во развојот на државата.

– Младите се дел од целиот тој процес преку групата МОН-млади формираната на иницијатива на министерката Царовска,  преку која даваат свој придонес во дефинирањето на новите мерки, активности, проекти и слично, наведува МОН.

математика МОН птитагора штипски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.