Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Првиот дигитален учебник по математика е инклузивен, го јакне натпреварувачкиот дух и тимската работа

0
By Ivana on August 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Внесена е иновација во приодите за учење математика во функција на остварување повисоки постигања на учениците и зголемување на функционалната писменост по математика, велат авторите на првиот дигитален учебник по математика за четврто одделение, проф. д-р Татјана Атанасова – Пачемска и наставниците Валдета Алија и Добри Јовевски

-Приодот кој го има низ целиот материјал е истражувачко – откривачки, текстот е динамичен, ја одржува љубопитноста на ученикот и креира стимулативна средина за учење, преку избор на содржини и активности кои ќе придонесат во постигнувањето на исходите од учењето. Учениците можат лесно да се движат низ содржините, кои имаат динамички и дигитални компоненти збогатени со задачи со различни тежински нивоа, а секој ученик има можност да напредува според своето индивидуално темпо што материјалот го прави современ и отворен, изјави Атанасова-Пачемска.

Според Атанасова-Пачемска, особено внимание е посветено во делот на истражувачките и проектните активности поврзани со секојдневните животни ситуации – дизајнирање, моделирање и проектирање.

Активностите даваат можност младите математичари „да излезат“ од училницата на пазар, на градилиште, во ресторан, на патување…да креираат или симулираат реални проблеми во чие решавање ќе применуваат математички постапки кои се предмет на совладување низ материјалите за учење. Со овој пристап на креативност, критичко размислување и решавање проблеми, освен врз математичките, ќе се направи влијание на стекнувањето и на други компетенции како личен развој, социјален развој, иновативност и секако дигиталните компетенции.

Авторката Валдета Алија објаснува дека со новиот учебник по математика наставниците ќе добијат современ материјал кој ќе го користат во текот на секојдневната работа во училницата.

-Очекуваме дека овој материјал ќе побуди интерес и за креирање нови иновативни материјали, размена на искуства со своите колеги, како и можност за реализација на заеднички активности во различна мултиетничка и мултикултурна средина. Овие материјали нудат голем избор на проблемски задачи насочени кон подобрување и зајакнување на математичките вештини во функционалната писменост токму во деловите каде учениците покажале послаби резултати на меѓународните тестирања по математика, вели Алија.

Наставникот Добри Јовевски, пак, вели дека понудените активности во материјалите за учење дават можност да се реализираат самостојно, во парови и групно со што се зајакнува и тимската работа, се буди натпреварувачкиот дух и се поттикнува љубовта кај учениците да учат, да вежбаат и да практикуваат математика.

-Се потрудивме како тим материјалите за учење да ги дизајнираме да бидат инклузивни, со јасни бои и инструкции за да му помогнат на секој ученик да ги користи според своите можности и потреби. Ги подготвуваме нашите ученици за активни европски граѓани кои ќе живеат и работат во новото „технолошко – дигитално“ време, во економија базирана на знаење. Оваа подготовка нека започне со првите дигитални материјали за учење математика, каде математичките и дигиталните компетенции ќе почнат да се создаваат, а ќе се стекнуваат и надградуваат во текот на целиот образовен процес, вели Јовевски.

Од Министерството за образование и наука потсетуваат дека користењето на новите материјали за учење почнува од почетокот на новата учебна година како дел од реформските процеси во основното образование кои ќе се спроведуваат етапно. Целта, како што наведуваат, е реформата во деветтолетката целосно да се имплементира во следните пет-шест години, почнувајќи од годинава во прво и четврто одделение

дигитален дигитален учебник математика МОН учебник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.