Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монгкол Бунпијам е првото спасено дете од пештерата во Тајланд

2
By Нова ТВ on July 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Монгкол Бунпијам е името на едно од четирите момчиња кои беа спасени од пештерата во Тајланд во денешната меѓународна спасувачка мисија.

Мајката на момчето која од синоќа стоела пред пештерата во која се заробени младите фудбалери, за Гардијан изјави дека е пресреќна што нејзиниот 14 годишен син најпосле е спасен.

„Само го слушнав неговото име, Монгкол и многу се израдував. Не знам што да му кажам. Чекајте прво да го видам“, раскажува мајката на момчето.

Во меѓу време, светската фудбалска федерација ФИФА ги покани децата и спасувачите од Тајланд на финалето од Мундијалот што треба да се одржи на 15 јули во Москва.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино испрати порака со поддршка и изрази надеж дека младите фудбалери од тимот на „Диви свињи“ ќе бидат спасени до почетокот на финалето на Светскиот куп.

„Ако тие им се вратат на семејствата, како што сите ние се надеваме, и ако здравјето им дозволи да патуваат, ФИФА ќе биде воодушевена и ги кани да бидат наши гости да го проследат финалето на Светскиот куп 2018. Се надевам дека ќе бидат способни да ни се придружат во финалето, што несомнено ќе биде прекрасен момент за фудбалската заедница и ќе биде момент за славење“, напиша Инфантини во поканата испратена до Фудбалската федерација на Тајланд.

Четири од 12 момчиња и нивниот тренер беа извлечени денеска во операција што траеше осум часа, откако поминаа две недели во пештерата. Тие веднаш беа пренесени во болница, во близина на Чианг Рај.

Спасувачката операција ќе продолжи утре.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.