Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монструм: Азири го повлече исказот пред истражниот судија

1
By Нова ТВ on May 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска на судењето за Монструм го распрашуваше обвинетиот Хаки Азири, кој во текот на истрагата сведочеше за тоа како се случило петкратното убиство, но подоцна се предомисли и кажа дека тогаш сведочел под присила. Денеска, на прашањето, дали сега се плаши, тој одговори:

-Сега немам таков страв, се смени режимот и сега државата е послободна, рече Азири.

Тој својот исказ го започна со тврдењето дека исказот даден пред истражниот судија не важи, не важат ниту саатите, датумите, имињата, местата.

Обвинетиот Азири на почетокот на постапката имаше својство на заштитен сведок, но потоа го смени својот исказ и доби статус на обвинет.

Денеска Азири пред судот говореше зошто се откажува од овој исказ. Како што рече дека не сакал да прифати друг идентитет ниту да биде однесен во Холандија, туку побарал да биде изнесен пред судијата, да се потпише каде што треба затоа што многу се плашел. Пред судот тврдеше дека не знаел оти добил статус на заштитен сведок, туку само се грижел за својот живот и за животот на семејството.

Истата изјава што ја дал пред истражниот судија требало да ја каже и пред суд, но, како што рече, одлучил да го смени исказот по што добил статус на обвинет и денеска заедно со уште петмина обвинети му се суди за петкратното убиство.

Азири упорно се држи до тезата дека полицијата му ја спремила изјавата, која тој ја даде за време на истрагата, односно кога посведочи за тоа како се случило петкратното убиство.

Тој го посочи името на Радникот како човекот со повисок полициски чин кај кого бил однесен во зградата во МВР, откако претходно бил држен во Кочани. како што рече, тој му рекол дека мора да ја потпише веќе подготвената изјава за убиството и пред судот да го каже тоа што го пишува на листот.

Притоа Фетаи му посочила слика на својот мобилен телефон од Радникот, односно од Љупчо Тодоровски поранешниот дитректор на БЈБ, а обвинетиот потврдил дека тој е таа личност, додавајќи дека тој е човекот што му рекол дека сите судии и обвинители се нивни, па затоа мора да се придржува до напишаната изјава.

Обвинителката го прашуваше за тврдењата дека бил тепан, односно дали имал повреди од тепањето, на што Азири рече дека имал болка и црвенило по телото, а не знае дали имал видливи повреди на лицето. На забелешката на обвинителката да каже „дали малку или многу го тепале“, Азири рече дека според него , многу го тепале.

Поради тоа што обвинителката Фатиме неколку пати му се обрати на обвинетиот со повисок тон, откако тој не одговараше на нејзините прашања, реагираше адвокатот Насер Рауфи кој побара таа да го смени односот.

 

 

Азири Монструм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.