Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Монструм“: Фетаи бара информација од Правда за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

0
By Нова ТВ on October 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 4, 2019 10:40

Со читање на транскрипти од разговори и СМС пораки во кои се опфатени разговори меѓу непознати лица со лицата Арменд и Фада, во кои тие прашуваат дали знаат нешто за убиството во близина на обиколницата кај Сингелиќ, денеска почна рочиштето за убиството на момчињата и рибарот на Смилковското Езеро.

Во транскриптите што ги читаше судијата Осман Шабани се слушна дека повеќето од лицата што беа прашани не слушнале за убиството.

Пред почетокот на судењето обвинителката Фатиме Фатаи побара одговор од министерката за правда Рената Десковска дали воопшто е побарана екстрадиција за обвинетите Алил Демри Африм Исмаиловиќ, бидејќи, како што рече, цела година судот добива едно исто известување дека постапката е во тек.

Адвокатот на одбраната Насер Рауфи рече дека барањето веќе еднаш е одбиено за екстрадиција и дека нема потреба да се бара повторно.

Адвокатката на оштетените пак инфомира дека неколку пати доставиле барање за да бидат известени за екстрадицијата, како и за закажување на седница на Владата со точка на дневен ред за екстрадицијата на двајцата осомничени, но дека до сега не добиле конкретен одговор без да се наведе што е преземено.

Родителите на убиените момчиња побараа средба со министерката за правда и таа да се оствари до одржување на следното рочиште.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапнци на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

На минатото рочиште беа преслушани 25 разговори од „бомбите“.

Обвинителката Фатиме Фетаи, предложи поради големиот број докази, да не се изведувата сите, туку само оние што се од интерес на одбраната и обвинителството.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.