Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монструм: Се гледа снимката од заштитениот сведок Хаки Азири

0
By Нова ТВ on June 25, 2018 ПОЛИТИКА
Фото мкд.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 25, 2018 13:51

Во судница во Кривичниот суд се гледа аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година.

Претходно на прашања од обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи одговараше сведокот Ахмет Бекир, кој на минатото рочиште додека сведочеше за петкратното убиство кај Смилковако езеро се онесвести.

Пред судот тој конфузно раскажуваше за денот на убиството. Рече дека ги видел момчињата попладнето и оти тие од него и од другарите побарале леб за ловење риба.

Тој рече дека кога си заминале околу 19 часот ги виделе момчињата како лежат на стомак, но не застанале бидејќи се исплашиле. Раскажа дека сретнале човек со автоматска пушка, кој откако ги прашал како се викаат им рекол да си одат за да не ги убие.

Бекир истакна дека не се сеќава добро во детали, бидејќи тоа било пред повеќе од шест години, како и дека е неписмен и не ги разбира добро дел од прашањата на обвинителката Фетаи.

Пред судот денеска исказ даваше и сведокот Сашо Лазаревски, сосед на едно од убиените момчиња.

Тој рече дека два часа пред да бидат убиени момчињата бил по риба кај езерото, по што си заминал дома. Додаде дека бил со чамец во езерото и оти кога си одел накај дома немало рибари.

На минатото рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Азири Монструм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.