Франција и Русија ги заострија односите откако Москва го осуди како “недозволиво” апсењето на 43 руски навивачи во вторникот по насилството во Марсеј помеѓу руските и британските навивачи пред фудбалскиот натпревар помеѓу Англија и Русија во саботата.
Москва смета дека овој чекор креира “анти-руско” расположение кои можат да ги влошат односите помеѓу Париз и Москва.
“Апсењето на цел автобус со над 40 навивачи од Русија од страна на полицијата е апсолутно недзоволив инцидент”, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во рускиот парламент. Министерот ја даде изјавата денес пред натпреварот помеѓу Русија и Словачка (1-2). Натпреварот мина без инциденти.
По насилството во Марсеј ФИФА и постави ултиматум на руската екипа и се закани дека репрезентацијата ќе биде дискваликифувана доколку дојде до нови инциденти во кои би биле вовлечени руски навивачи.
Москва исто така го викна францускиот амбасадор во Русија за да го предупреди дека апсењето на навивачите ќе ги влоши односите помеѓу двете земји.
Единаесет руски навивачи беа ослободени а другите беа задржани во притвор 48 часа, максималниот рок за притвор во Франција. Москва тврди дека рускиот конзул во Марсеј не бил информиран на апсењето и дека веста стасала преку профилите на навивачите на социјалните мрежи. Помеѓу навивачите се наоѓа и Александар Шпригин, претседател на здружението на руските навивачи и близок соработник на пратеникот и ултранационалист Игор Лебедев, член на екстремно десна партија.




