Најголемиот снег во изминатите 50 години ја блокираше руската престолнина Москва.

Според метеоролошките служби во текот на последните 24 часа паднала количина на снег која вообичаено паѓа во текот на еден месец.

Висината на снежната покривка е 12 сантиметри.

Минатата ноќ патиштата биле закрчени, а на аеродромот Домодедово одложени се 70 летови.

Меѓутоа денеска сите три московски аеродроми работат нормално.