Водечкиот полски дневен весник „Газета Виборча“ соопшти дека руските власти го протерале нивниот дописник од Москва и дека ова е одмазда поради тоа што на еден руски новинар му е оземена дозволата за престој во Полска под сомнение дека се занимавал со шпионирање.
Уредникот на полскиот весник Роман Имејелски на Твитер објави дека дописникот Вацлав Раѕивинович е протеран од Русија, како контра – чекор на протерувањето на рускиот новинар Леонид Свиридов од сервисот „Расија Севодња“ минатата сабота.
Полската безбедносна служба соопшти дека Свиридов претставува „опасност по безбедноста на Полска„, иако неговиот случај бил чуван како строга тајна и никогаш не се објавени докази против него. Според полските медиуми, Свиридов се сомничи за шпионирање за Русија, што тој го негираше.




