Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Москва и Кијив разменија воени заробеници пред Велигден

0
By Zoran Ivanov on April 19, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија и Украина денеска на Велика сабота повторно разменија воени заробеници. Вкупно 246 руски и украински војници се разменети на неодредена локација на границата со Белорусија, соопшти Министерството за одбрана во МоскваДополнително, како гест на добра волја, разменети се 31 ранет воен затвореник за 15 ранети руски војници на кои итно им е потребна медицинска помош, се вели во соопштението.

Во размената посредувале Обединетите Арапски Емирати.

Русија и Украина од почетокот на конфликтот повеќепати разменуваа воени заробеници.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, 4.552 украински војници успеале да се вратат дома на овој начин.

На Велики петок, Украина и Русија разменија стотици тела на загинати војници.

Украинската страна презеде 909 тела, според податоците на персоналот одговорен за работи на воени заробеници во Кијив. Војниците наводно биле убиени во борбите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Суми и Харков. Некои беа донесени од мртовечници во Русија.

За возврат, руската страна ги доби посмртните останки на 41 свој војник.

Размената се одвиваше со посредство на Меѓународниот Црвен крст.

 

заробеници Кијив Москва размена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.