Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Москва ни на детските солзи не им верува

0
By Соња Крамарска on March 10, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 10, 2022 14:34

Вознемирувачките сцени од бомбардираното породилиште и детска болница во украинскиот град Мариупол не го оставија никого рамнодушен. Светот со неверување гледа на ова последно злодело на руската армија и со нервозно исчекување се прашува што е следно. Затоа што вооружен напад врз цивилна цели, па уште и породилиште и болница со мајки и бебиња, е врв на нехуманост, нецивилизираност, и воено злосторство без преседан.

Но, од друга страна пак, наивно е да се очекува морал од државен лидер кој бескрупулозно прати војска на туѓа територија, во друга држава со меѓународно признаени граници. Следејќи ја таа политика на Путин, и неговиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин, по ставањето на Северна Македонија на листата на државни непријатели на Русија, по отворената закана дека следат и документираат антируски однесувања во земјава, синоќа преку телевизија не убедуваше дека бомбардирањето на породилиштето во Мариупол, не се случило. Сликите и снимките, вели, биле лажни. Посочи и дека нивните вооружени сили користат високо прецизно оружје и ја уништуваат исклучиво воената инфраструктура на Украина. Рече и дека ако руската војска ја занемарела заштитата на цивилното население ќе можела целосно да избегне загуби и меѓу нивната војска, но ќе имало многу повеќе цивилни жртви.

Потполно во согласност со дезинформациите што ги сее Кремљ за да го оправда крвопролевањето, така и неговите продолжени раце читаат напишани лаги и манипулации. Очигледно е дека на Москва ни детските солзи не и значат многу, и не им верува, во безумниот поход што го започна за освојување на туѓа територија преку оружје и насилство.

Не знаеме со сигурност дали руската амбасада документира случаи на антируско однесување во Северна Македонија, но сосема е сигурно дека светот и меѓународниот трибунал со надлежности да гони и да поднесува обвиненија против индивидуалци за меѓународни злосторства против човештвото, воени злосторства и агресија, веќе има полна папка документација за она што му се случува на украинскиот народ, на светот, па и на рускиот народ. Од судовите за таков вид на криминал кои може да се формираат и наменски како што беше судот во Хаг за поранешна Југославија, не побегнал никој. Можеби ќе поминат години и децении, но правдата на еден или на друг начин ќе ги најде оние кои видоа воено упориште во породилиштето и детската болница во Мариупол и соодветно на тоа употребија воена сила.

Но овдешната јавност може да биде мирна, вели амбасадорот на Руската федерација во земјава. Руско-украинската криза не можела да се прелее на Западен Балкан. А ако пак се прелее тоа ќе биде, вели, вина на меѓународната заедница која ја „напумпала“ Украина со оружје кое можело да падне во рацете на криминалци и терористи од регионов. На таквата инстант воено-политичка анализа не и паѓа на памет дека, на пример, мали држави како нашата, и сиромашен регион како што е Западен Балкан, можат да бидат убиени и со енергетска или ценовна криза. Дека можат да бидат колатерална штета на рускиот хегемонизам и на една налудничава идеја дека една држава може со воена сила да присоедини во своите граници друга држава.

Оттука, јавноста во регионот со право очекува Европската унија да ги ревидира своите приоритети и да пресретне можна ескалација на Западен Балкан, која не мора де биде безбедносна за да го уништи и тој мал напредок што е постигнат изминатите години. Јасно е дека ЕУ и САД се и самите затечени од војната што ја поведе Путин против Украина, но превенирањето на дополнителни црни сценарија барем сега треба да има предност над секоја друга политика.

Соња Крамарска

 

 

 

 

 

 

Баздникин детска болница Мариупол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.