Published: Friday, March 11, 2022 10:12
Русија, преку Министерство за одбрана, утринава потврди дека нејзината армија извршила напади врз воените аеродроми Лутск и Ивано-Франковск на запад на Украина, јавуваат локалните медиуми.
Официјални лица изјавија дека два воени аеродрома во градови во западна Украина биле погодени во „високо прецизни напади од голем дострел“.
Според медиумите, ова се први напади на оваа територија по започнувањето на рускиот напад на 24 февруари, кој претходно ги концентрираше акциите во близина на главниот град Киев и градовите во источна и јужна Украина.




