Published: Friday, January 6, 2017 13:31
Руската војска започна да ги повлекува своите сили во Сирија, изјави денеска шефот на Генералштабот на Русија Валериј Герасимов.
“Во согласност со одлуката на врховниот командант на руските вооружени сили, претседателот Владимир Путин, Министерството за одбрана почна со намалување на обемот на вооружените распоредување во Сирија”,
изјави Герасимов. Тој додаде дека поморската флота на Русија предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“, која е распоредена во Средоземното Море во близина на сирискиот брег, прва ќе се врати од Сирија.
Путин во декември изјави дека Русија се согласила да го намали своето воено распоредување во Сирија во согласност со условите од договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на Москва и Анкара.




