Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Главнo технички проблеми во досегашниот изборен процес

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанската асоцијација МОСТ преку своите набљудувачи регистрирала неколку главно технички проблеми.

Гласачките места 1565, 1566, 1566/1, 1567 кои се наоѓат во ОУ “Кирил и Методиј“ во село Злетово, општина Пробиштип се отворени со 15-минутно задоцнување поради отстранување на пропаганден материјал околу гласачкото место, гласачкото место 0887 во општина Чешиново-Облешево е отворено со 20-минутно задоцнување исто така поради отстранување на пропаганден материјал околу гласачкото место, и гласачкото место 0249 во општина Македонски Брод е отворено со 30-минутно задоцнување поради тоа што избирачкиот одбор доцнел со уредувањето на гласачкото место.

Досега, забележано е и:

-на гласачкото место 1860 во општина Струга, на почетокот од гласањето избирачкиот одбор откинал 3 гласачки ливчиња од кочанот заедно со серискиот број, по што гласачите ги ставиле во гласачките кутии;

-на гласачкото место 0689 во општина Кавадарци, гласачко ливче е откинато заедно со серискиот број од кочанот. Ливчето било ставено во плик кој бил затворен, а на гласачот му било издадено ново гласачко ливче. Направен е записник за случајот;

-на гласачкото место 1076 во општина Куманово гласањето било прекинато половина час поради тоа што не работела УВ ламбата;

-на гласачкото место 1117 во општина Липково УВ ламбата не се користи во сите случаи. Избирачкиот одбор не реагира;

-на гласачкото место 1859/1 во општина Струга гласач ги фотографирал гласачките ливчиња и ги ставил во гласачката кутија, по што избегал од гласачкото место.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста на уште три конференции за јавност и тоа во 13:30 часот, во 17:30 часот и во 20:30 часот.

МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 2.500 набљудувачи. На гласачките места се распоредени 2.100 набљудувачи кои покриваат околу 50% од гласачките места во Република Македонија, како и 50 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има и мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.

Дополнително, 81 набљудувач ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии и изборната комисија на град Скопје, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

 

локални избори 2017 МОСТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.