Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Непочитување на постапката за гласање и проблеми од гласачи

1
By Нова ТВ on October 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 14:25

Невладината МОСТ која со 2.500 набљудувачи ги следи изборите, врз основа на потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, во досегашниот тек од гласањето регистрирала повеќе неправилности на гласачките места: како непочитување на постапката на гласање од избирачките одбори, проблеми со изборниот материјал, проблеми предизвикани од неовластени лица и проблеми предизвикани од гласачи.

Непочитување на постапката на гласање од страна на избирачките одбори

-ГМ 0001, општина Берово, откинати биле 5 гласачки ливчиња заедно со серискиот број. ИО направил записник за тоа и гласањето продолжило.

-ГМ 2753, општина Аеродром, на скоро 60 гласачи им биле дадени гласачки ливчиња заедно со серискиот број. По реакција на гласач, ИО започнал да ги откинува ливчињата без серискиот број. Дополнително, претседателот на ИО не соработувал со набљудувачот на МОСТ

-ГМ 0866, село Мојанци, општина Кочани, 3 случаи на семејно гласање во кои биле злоупотребени 6 гласови. Избирачкиот одбор не реагирал.

-ГМ 2273, општина Штип, 7 гласачи не биле проверени со УВ ламба. Дополнително, ИО ги чита на глас имињата на гласачите.

-ГМ 1375, општина Прилеп, гласач не можел да гласа зашто во избирачкиот список веќе имало потпис на негово место. Откако гласачот си заминал ИО увидел дека друг гласач со слично име по грешка се потпишал на неговото место. ИО не направил записник за ова.

-ГМ 2653, Бардовци, општина Карпош, 4 гласачи не биле проверени со УВ ламба.

-ГМ 2715, општина Аеродром, еден гласач бил испрскан со невидливиот спреј пред да биде проверен во избирачкиот список. Гласачот на бил во Избирачкиот список зашто не гласал на тоа гласачко место, па ИО не му дозволил да гласа. Гласачот отишол на гласачкото место каде што треба да гласа, но тамошниот ИО не му дозволил да гласа.

-ГМ 2699, општина Аеродром, до гласачките кутии пронајдено е заокружено ливче кое не било ни превиткано. Откако ИО го забележал, го прогласил за неважечко и го ставиле кај неискористените ливчиња, бидејќи немале посебни пликови за да го спакуваат.

-ГМ 2902, општина Чаир, на еден гласач му било издадено едно ливче повеќе бидејќи било залепено со претходното. ИО побарал инструкција од ДИК по што ливчето било ставено во посебен плик.

-ГМ 2645, општина Карпош, на гласач му биле издадени 2 ливчиња за избор на градоначалник на град Скопје по што реагирал кај ИО, кој по проверка на кочанот со гласачки ливчиња приметил дека им недостигаат 2 ливчиња за градоначалник на општина и 2 ливчиња за градоначалник на град Скопје. Гласањето е прекинато, повикан е претседателот на ОИК Карпош и полицијата и направен е записник.

Проблеми со изборниот материјал

-ГМ 1718, општина Струмица, во кочанот со гласачки ливчиња за градоначалник имало ливчиња за избор на градоначалник и совет на општина Велес. Гласањето било прекинато 15 минути.

-ГМ 2581/1, општина Ѓорче Петров, гласањето било прекинато 1 час и 45 минути поради тоа што во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник имало и ливчиња за избор на совет. ИО ќе го продолжи гласањето за онолку време колку што траел прекинот.

-ГМ 0962, село Жидилово, општина Крива Паланка, гласањето било прекинато во период од 15 минути поради тоа што УВ ламбите не работеле.

Во гласачките места во ОУ Браќа Миладиновци во општина Аеродром има проблеми во функционирањето на УВ ламбите.

Што се однесува до шаблонот со Брајова азбука, во општина Тетово и во општина Боговиње избирачките места не добиле ваков шаблон.

Проблеми предизвикани од неовластени лица

-ГМ 828 и 828/1, село Грешница, општина Кичево партиски активист со уште 2-3 неовластени лица агитираат во објектот пред просториите во кои се сместени гласачките места.

-ГМ 1455, општина Прилеп, имало вербална расправија меѓу активисти на политички партии. Реагирала полицијата и ја смирила ситуацијата.

-ГМ 1471, с. Дебреште, општина Долнени имало присуство на неовластени лица пред гласачкото место. Полицијата реагирала и ги отстранила.

Пред ОУ Петар Здравковски – Пенко имало конфликт помеѓу неовластени лица. Полицијата навреме реагирала и ги отстранила од местото.

Во околината на ОУ „Браќа Рамиз Хамид“ во општина Шуто Оризари, се делеле прехранбени продукти од различни политички партии. Дополнително, бил лепен пропаганден материјал.

Непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи

-ГМ 1720/1, општина Струмица, гласач го фотографирал гласачкото ливче, била повикана  полиција, а ливчето не било ставено во кутијата.

-ГМ 2829, општина Чаир, гласач ги фотографирал ливчињата. ИО му ги одзел ливчињата и ги прогласил за неважечки.

-ГМ 2728, општина Аеродром, гласач заборавил едно гласачко ливче позади параванот, а  во кутијата ставил 3 ливчиња. ИО забележал дека позади параванот има останато едно ливче, ја повикал ОИК, направиле записник, а ливчето го прогласиле за неважечко и го ставиле во посебен плик. Поради ова гласањето било прекинато 15 минути.

-ГМ 2686, општина Аеродром, еден гласач ги ставил двете ливчиња за избор на градоначалник и совет заедно во една гласачка кутија. ИО повикал ги повикал ОИК и полицијата и направиле записник. Гласањето било прекинато околу 30 минути, по што продолжило.

-ГМ 0307, општина Виница, најмалку 10 лица откако гласале, пред гласачките кутии ги отвориле гласачките ливчиња за да видат во која гласачка кутија да ги стават и јасно можело да се види за кого гласале.

МОСТ неправилности
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.