Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ утврди помалку од 50 случаи на неправилности при гласањето

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според информациите добиени од над 2.500 набљувачи на МОСТ кои беа распоредени на речиси 50 проценти од избирачките места во Република Македонија утврдено е непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори, изјави на завршната прес-конференција извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.

Тој посочи дека ова треба да се земе во предвид со цел да се утврди дали во даден случај соодветните институции одговориле за тоа што се случувало во избирачките места или не.

Алексов истакна дека МОСТ утврдил помалку од 50 случаи на неправилности при гласањето и додаде дека генералната оцнека за овие шести локални избори  Граѓанската асоцијација ќе ја даде утре.

Како случај каде што има непочитување на постапка на гласањето и реакција од страна на избирачките одбори тој ги посочи гласачкото место 0445  во село Градец, во општина Врапчиште, каде претседателот на Избирачкиот одбор стоел зад параванот додека луѓето гласаат.

Забележано е семејно гласање во гласачките места 0440, 0445 и 0447, во општина Врапчиште, вкупно 20 случаи во кои биле злоупотребени 44 гласови.

Во гласачкото место 0951, општина Крива Паланка гласањето било прекинато еден час поради тоа што Избирачкиот одбор увидел дека недостигаат две глсачки ливчиња во кочанот за избор на градоначалник. Била повикана и Општинската изборна комисија која им дала инструкција да откинат две ливчиња од кочанот за избор на совет и да ги стават во гласачката кутија. По затворањето на гласачкото место треба да се утврди за што станува збор.

На гласачкото место 1124 во село Слупчане, општина Липково ув ламбата не се користела во периодот од 16:45 па се до затворањето на гласачкото место.

Алексов наведе дека технички проблеми со изборниот материјал имало на гласачкото место 1722, општина Струмица, каде сериските броеви на кочанот со гласачки ливчиња не биле последователни. Избирачкиот одбор не ја повикал ОИК и одлучиле да продолжат со гласањето, но направен е записник. Истата ситуација е забележана и на гласачкото место 1063 во општина Куманово.

– На гласачкото место 2516 и 2519 во општина Гази Баба им биле помешани печатите. Избирачкиот одбор од 2519 го забележал ова во 16 часот и ја повикал ДИК. Гласањето било прекинато во двете гласачки места во период од 25 минути. Направен бил записник и гласањето продолжило, рече Алексов.

Посочи дека на гласачкото место 2539/1 во општина Гази Баба, во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник на град Скопје имало 15 гласачки ливчиња за избор Совет на град Скопје, но имале иста боја како ливчињата за избор на градоначалник. Гласањето било прекинато 20 минути, 15-те ливчиња биле поништени, направен бил записник и гласањето продолжило.

Проблеми предизвикани од неовластени лица, како што рече Алексов се регистрирани пред и во просториите на ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари каде продолжил поткупот.

– Неовластени лица пред средното училиште Никола Карев во Струмица ги евидентирале гласачите. На неколку метри од гласачкото место 0858 во општина Кочани, имало собрано поголема маса на неовластени лица. Избирачкиот одбор веднаш повикал полиција која ги отстранила лицата, рече тој.

Непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи, како што посочи имало на гласачкото место 2052 во с. Горно Седларце, општина Боговиње, гласач физички нападнал член на Избирачкиот одбор.

– Членот на ИО неколку пати побарал од гласачот да му ја покаже личната карта, но тој не сакал и ја фрлил кон него личната карта. Била повикана полиција и во присуство на полицијата физички го нападнал членот на ИО. Напаѓачот бил приведен од страна на полицијата, додаде тој.

На гласачкото место 1582 во општина Струмица, како што истакна Алексов, гласач го фотографирал гласачкото ливче.

– Иако Избирачкиот одбор реагирал и направил записник, сепак му дозволил да го стави ливчето во гласачката кутија, додаде тој.

Дарко Алексов локални избори 2017 МОСТ прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.