Валентино Роси на Јамаха го освои првото место во Мото ГП трката за Големата награда на Холандија. До првата победа по пауза од една година, десетта на патеката во Асен и вкупно 115. во кариерата, Италијанецот стигна со време од 41:41,149 минути.

Веднаш по него на целта пристигна сонародникот Данило Петручи на Дукати (41:41,212 минути), бранителот на титулата, Шпанецот Марк Маркез на Хонда заврши како трет (41:46,350 минути).

Мото ГП шампионатот за оваа сезона продолжува веќе наредниот викенд со трка за ГН на Германија

Резултати од трката за ГН на Холандија

Валентино Роси (Италија/Јамаха) 41:41,149 минути

Данило Петручи (Италија/Окто Прамаг Рејсинг) 41:41,212 минути

Марк Маркез (Шпанија/Репсол Хонда) 41:46,350 минути

Кал Крачлоу (В. Британија/ЛЦР Хонда) 41:46,392 минути

Андреа Довициозо (Италија/Дукати) 41:46,476 минути

Џек Милер (Австралија/Естрела Галиција) 42:04,539 минути

Карел Абрахам (Чешка/Беар Аспар Тим) 42:18,131 минути

Лори Ба (Франција/Реал Авинтија Рејсинг) 42:18,207 минути

Андреа Ланоне (Италија/Сузуки Екстар) 42:18,315 минути

Алекс Еспаргаро (Шпанија/Фактори Априлија Гресини) 42:18,315 минути, итн.

Генерален пласман во Мото ГП шампионатот во оваа сезона

Андреа Довициозо (Италија/Дукати) 115 бода

Маверик Вињалес (Шпанија/Мовистар Јамаха) 111

Валентино Роси (Италија/Јамаха) 108

Марк Маркез (Шпанија/Репсол Хонда) 104

Дани Педроса (Шпанија/Репсол Хонда) 87

Јоан Зарко (Франција/Монстер Јамаха) 77

Данило Петручи (Италија/Окто Прамаг Рејсинг) 62

Хорхе Лоренцо (Шпанија/Дукати) 60

Кал Крачлоу (В. Британија/ЛЦР Хонда) 58

Јонас Фолгер (Германија/Монстер Јамаха) 51, итн.