Published: Wednesday, November 1, 2017 22:37
Шпанскиот истражен судија би можел да нареди апсење за поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемонт и петмина членови на каталонската регионална Влада, без оглед на тоа дали тие ќе се појават на суд во Шпанија или не.
Адвокатот на Пучдемонт, Пол Бакер наведе дека доколку Шпанија побара екстрадиција за Пучдемонт, одлуката за тоа ќе ја донесат белгиските судии, а не Владата.
Двајца членови на Владата на Пучдемонт вчера се вратија од Брисел.
Адвокатот на Пучдемонт посочи дека Пучдемонт нема намера да се врати од Брисел во наредните неколку недели.
Пучдемонт вчера истакна дека ќе се врати во Шпанија доколку добие гаранција дека ќе има чесно судење.




